Љубовната приказна на Таско и Наташа: „Се запознавме на Фејсбук, ѝ пишав дека ми се допаѓаат тетоважите“
Раскажи ми некој интересен момент од свадбата...
На свадбата бев под многу голема еуфорија цело време.
Интересно беше тоа што Наташа ме тераше да не пеам, као, твоја свадба е, ти не треба да пееш.
И викав дека нема да пеам, ама на крај беше појако од мене.
Ја пуштија „Неваљала“, Лина беше тука и ја испеав песната со неа. После тоа ја пеев „Дукати“.
Потоа искочи Панчо, пееше тој една песна од ДНК, па Пајак испеа песна и тоа би го одвоил како најинтересен дел од свадбата.

Колку раѓањето на синот и на ќерката ви ја зацврсти љубовта со Наташа?
Нас ни е љубовта цврста од сам старт. Мислам дека децата како да ја тестираат таа љубов што ја имаме и трпението помеѓу нас, т.е трпението што го имаме еден за друг.
Кога имаш деца, е понапнато, потензично, има помалку време за нас, помалку време за некои обврски што ги имаме. Тука е тестот на трпението.
Љубовта е тука, таа не си оди, туку е само појака станува.
Со децата, сметам дека доаѓа баш тој - тестот за трпението. Но, генерално мислам дека добро поминуваме, барем сега за сега.

Кој е поизбувлив од двајцата, а кој попушта прв?
Јас сум поизбувлив, ама јас и попуштам прв. Знам, на пример, ако избувнам, да ја спуштам топката, да си ја признам грешката.
Ќе си размислам и сфатам дека логички, етички и емоционално сум реагирал поагресивно отколку што треба, тогаш ќе признаам дека сум згрешил.

Рече дека не си ја запросил Наташа и дека не си направил нешто романтично во тој момент, но постои ли нешто романтично што го правиш за неа?
Има доста романтични работи. Знам често без да ѝ кажам да испланирам патување.
Само ќе ѝ речам „Ај спакувај се, одиме накај Охрид“ и за 2 саати тргаме.
Често импулсивно резервирам патувања, се качуваме во кола и одиме некаде. Не знам, ако тоа се смета за романтична работа.

Што е важно за успешен брак, според тебе?
Најважни се трпението, и голем праг на респект и толеранцијата.
Понекогаш јас сум на 30%, таа на 70%, некогаш обратно. И затоа треба да постои компромис.
Некогаш и двајцата сме на 10% со енергијата или трпението, ама ќе си речеме, „Ајде ќе тераме денеска“.
Договор и компромис се клучните работи за брак. Љубовта не игра толку голема улога ако нема толеранција во моменти на нервоза и стрес.
Мислам дека тука е да се успее или да се уништи за секој брак.
Толеранцијата, взаемниот респект и компромисот се трите клучни работи за успешен брак.

Последнава година кажуваш колку си сменет, колку се поинакви твоите навики, колку големи предизвици имаше... Дали мислиш дека ќе успееше да тргнеш по „прав пат“ ако Наташа не ти беше толку голема поддршка?
Имав огромна поддршка од неа, прво затоа што таа не пие алкохол и не консумира ништо, да тргнам од таму.
Не сакаше да ме гледа како се уништувам, на некој начин и како го губам сопствениот потенцијал.
Прост пример - годинава не пијам и успеав да издадам 13 песни, настапив на концерт на едни од најголемите регионални ѕвезди, албумот спремив.
Многу прост пример е тоа за тоа колку јас сум си го убивал сам на себе потенцијалот со тоа што сум се ставал и доведувал во такви ситуации и моменти со алкохолот и со други работи.
Таа беше еден од главните мотиватори за да прекинам. Ѝ беше криво да ме гледа како се губам и не правам ништо со себе.
Таа ми беше најголема поддршка. Мислам дека ќе го направев ова можеби подоцна, но поради Наташа и децата, ја направив таа голема промена кај мене во право време.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
