Екатерина за преселбата од Македонија: „Кога на 15 години тргнав на училиште во Германија, почувствував што значи да си странец“

Имаш ли некоја забавна приказна од животот таму? 

Да, имам една што никогаш нема да ја заборавам. Еден ден, додека сè уште не се снаоѓав  добро со јавниот превоз, се качив во погрешен трамвај и завршив на сосема непознато место.

Прво ми се стегна срцето и инстинктивно ми дојде да плачам, ама потоа ми текна да им се јавам на моите.

За среќа, не бев отидена многу далеку, но тогаш научив добра лекција. Да внимавам на бројките и правците на возовите и трамваите во Германија.

Од тој ден наваму, никогаш не се качувам без да проверам двапати. 

ekaterina-za-preselbata-od-makedonija-koga-na-15-godini-trgnav-na-uchilishte-vo-germanija-pochuvstvuvav-shto-znachi-da-si-stranec-08.jpeg

Како изгледа еден совршен викенд за тебе во Германија? 

Совршен викенд за мене е кога можам конечно да се опуштам и да се наспијам ама, за  жал, тоа ретко се случува бидејќи секој викенд работам.

После работа најчесто одам во некој мал, мирен кафе-бар со убав и опуштен амбиент, каде што седиме со пријатели или со семејството.

Во недела сакам малку посмирен ден дома. Музика, филм, готвење или скара со фамилијата и, нормално, психичко подготвување за новата седмица. 

ekaterina-za-preselbata-od-makedonija-koga-na-15-godini-trgnav-na-uchilishte-vo-germanija-pochuvstvuvav-shto-znachi-da-si-stranec-14.jpeg

Го научи ли јазикот? Што ти падна најтешко при адаптацијата? 

Да, го научив германскиот, но не беше лесно, воопшто. На почетокот сè ми звучеше исто, не можев да ги запомнам зборовите, а граматиката е ужасно комплицирана.

Најтешко ми  беше тоа што дури и кога сакав нешто да кажам, не можев да се изразам како што мислам.  Тоа чувство на беспомошност е страшно, особено кога си тинејџер во ново опкружување. 

ekaterina-za-preselbata-od-makedonija-koga-na-15-godini-trgnav-na-uchilishte-vo-germanija-pochuvstvuvav-shto-znachi-da-si-stranec-17.jpeg

Има ли предрасуди кон дојденците или ги прифаќаат со ширум отворени раце? Што  е најспецифично од нивниот животен стил? 

На почетокот имав чувство дека луѓето ме гледаат малку поинаку, особено кога ќе  слушнеа дека не сум од Германија.

Не можам да кажам дека беа лоши, ама имаше некоја  дистанца, како да не се сигурни што да очекуваат од тебе. Со време, кога подобро го  научив јазикот и се опуштив, тоа многу се смени, повеќето луѓе се пријателски настроени, само им треба време за да ти се отворат.

ekaterina-za-preselbata-od-makedonija-koga-na-15-godini-trgnav-na-uchilishte-vo-germanija-pochuvstvuvav-shto-znachi-da-si-stranec-19.jpeg

Германците се малку пооддалечени и порезервирани во споредба со нас. Кај нив сè мора да биде по план дури и дружењето.

Но, тоа што е специфично и убаво кај нив е што го почитуваат личниот простор и времето на  другите.  

ekaterina-za-preselbata-od-makedonija-koga-na-15-godini-trgnav-na-uchilishte-vo-germanija-pochuvstvuvav-shto-znachi-da-si-stranec-18.jpeg

Која нивна навика ти се допаѓа најмногу, а која воопшто не ја разбираш? 

Ми се допаѓа што Германците се искрени и директни, нема лажна љубезност, ако нешто мислат, ќе ти го кажат. Исто така, многу го ценам тоа што се точни и држат до збор.

А навика што навистина не ја разбирам е нивната опсесија со тоа секој да си плаќа посебно. Дури и кога излегуваат парови на ручек или вечера, келнерот секогаш строго прашува  дали ќе биде заедно или одделно.

А истото важи и кога се поголеми фамилии секој си вади калкулатор и си пресметува колку точно должи.

За нас Македонците тоа е смешно, ние сме навикнати некој да каже: „Ај, јас ќе платам“, таму тоа скоро никогаш не се случува. 

ekaterina-za-preselbata-od-makedonija-koga-na-15-godini-trgnav-na-uchilishte-vo-germanija-pochuvstvuvav-shto-znachi-da-si-stranec-20.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Наталија Данаилова за родниот град: „Во Богданци зад куќата имам рид, се будам со песната на птиците... „Прва асоцијација кога се говори за моето родно Богданци е природата т.е ридот, ...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...
Марио (21) од Битола учи факултет и има фарма во село Крклино: „Носам кози на пасење, собирам јајца ... „Живеам во Битола, но на имотот од дедо ми во село Крклино на 15 години ја започ...

Најчитани неделава