Христина од Кичево се пресели во Швајцарија со 2 деца, од кои едно со застој во развој: „Заминавме откако го заборавија сам во градинка“

Каква разлика кај него забележавте конкретно од животот таму, но и од образовниот систем, во споредба со Македонија?

Кога би зборувале за разликите ги има во секој аспект. И за сè си има свои предности и слабости. Не би сакала во секој поглед да ја критикувам Македонија.

Јас мислам дека во Македонија има одличен образовен кадар и премногу образовани луѓе, само што пак ќе нагласам дека системот прави голем дел од населението да се иселува.

Кај Леонид на почетокот разликите беа сведени кон негативна насока. Затоа што од овој агол кога гледам на работите, нашето преселување беше во погрешно време за Леонид.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-62.jpg

Кога тогаш тоа би го знаела би останале во Македонија уште некоја година плус за Леонид да би го совладал одлично македонскиот јазик и логопедската работа да продолжеше да биде на интензивен степен.

Меѓутоа нели никогаш не би знаеле што е подобро во даден момент. Јас воопшто не жалам за донесената одлука ни најмалце.

На Леонид кога му беше најпотребен логопед, тој во тој период го учеше германскиот јазик, и откако го научи за една година, тој ми покажа дека има способност во него да учи нови вештини.

Што се однесува до образовниот систем не може да се спореди со Македонија, целосно е различно. Во Македонија од самиот старт премногу ги оптоваруваат со материјал, и првачињата премногу учат.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-78.jpg

Додека во Швајцарија првите години сè е сведено преку интерактивна игра и на друг начин ја учат и математиката и читањето.

Тука образованието е поделено во квартали и за секого има свое место. Првите 3 години ги учи една учителката, тоа е основата во образованието, вторите три години одат кај друга учителката.

Тие три години се клучот за одењето на следно ниво во образованието, каде наредните 3 години е на некој начин средно образование каде како што напомнав и погоре децата ги делат во категории зависно од нивниот заслужен успех што го постигнале во претходните 3 години.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-61.jpg

Или ќе одат во гимназија или ќе одат во учење занает т.е. се определуваат за некоја професија каде паралелно одат и на работа.

Ако после тоа сакаат да одат на повисоко ниво тогаш одбираат да учат матура, и една година учат и на крај полагаат матура, па после тоа имаат право да одат на факултет ако се определат за тоа. А со завршена гимназија веднаш одат на факултет.

Сосема е поразлично од Македонија, фактички за секого има место таму каде што припаѓа со неговиот потенцијал, едноставно не може сите да бидат на едно исто ниво.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-28.jpg

Каква жртва моравте да направите, што сè правевте за да му ја олесните транзицијата на Леонид, но и на Андреј?

Уф јас не би рекла дека сето ова го гледам како жртва, нели секој родител сè би направил за своето дете, но би рекла дека поминавме еден долг пат за да стигнеме на ова место каде што сме сега.

Можам да кажам дека со Леонид поминавме еден долг пат, едно патување кое сè уште трае. И секој предизвик кој ќе ни излезе на патот јас го прифаќам како нешто со кое знам дека заедно ќе пораснеме за едно скалило плус.

Буквално постојано имаме нови предизвици. Пример, ако првата година успешно сме го совладале предизвикот со учењето на јазикот, наредната сме се соочиле со предизвик каде не можевме да најдеме логопед, поради дефицит од стручњаци во таа област, но јас како родител бев упорна и не се откажав во потрагата, и сама го најдов.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-73.jpg

Потоа се соочивме со предизвик каде требаше да одлучиме што понатаму со Леонид, што е најдобро за него. Бевме ставени на една раскрсница каде ни самите не знаевме која е најдобрата одлука.

Од секогаш сум слушала насоки од стручњаци но овој пат, првпат одлучив да се слушам себеси. Верував во своето дете, и знаев дека длабоко во себе има свој потенцијал кој само треба да му дозволиме да го извади на површина.

Јас не се откажав од него, јас сè уште верувам, и знам дека ќе успее. И не погрешивме што овој пат не ги послушавме насоките од стручњаците.

Леонид на сите нас ни покажа дека може. Математиката му лежи и без никаков проблем решава зададени проблематики, исто така германскиот и читањето на буквите одлично му оди.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-43.jpg

Што се однесува до поголемото дете, тој одлично се снајде уште од самиот почеток. Веднаш најде свој круг со кој и до ден денес е во тоа друштво.

Јазикот го научи доста брзо, комуницираше со дечиња кои зборуваат германски и така успеа брзо да се вклопи и лесно го совладуваше секој предизвик.

Тој во едукативниот момент ја имаше основата од Македонија, и почетокот му одеше лесно. Понатака се соочуваше со одредени предизвици во зададени предмети, но успешно ги совладуваше.

Сега се наоѓа во период од кој му зависи неговиот успех, дали ќе се искачи на скалилото кое го има зацртано како цел. Верувам во него и верувам дека ќе славиме нов успех и со него…

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-55.jpg

На што сте најгорди? Колку сте заслужни како родители за напредокот на Леонид?

Најгорди сме за сето ова каде сме сега и цел пат којшто сме го поминале. Секоја негова победа во ова наше патување за мене е гордост, секој предизвик кој ни излегол на патот на крај завршил со негова победа, за мене е гордост.

Кога би се навратила наназад од периодот на неговото раѓање досега, има премногу падови и искачувања кои заедно сме ги оделе и секогаш сум била со мисла дека ние ќе успееме во овој пат.

Гордост ми се неговите 35 дена во инкубатор, прележаната сепса и нејзиното надминување. Неговото прво проодување, неговите први зборови, неговата упорност заедно со мене каде макотрпно работевме сами за време на корона кога поддршката ни беше повеќе од потребна.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-65.jpg

Учењето на мајчиниот јазик како странски и неоткажувањето кога ни беше најтешко, секој збор за нас беше нова победа, нова гордост. Патот беше спор, долг и тежок, но ние не се откажавме во никој момент.

Учењето на странскиот јазик во период кога само што го научи мајчиниот, прилагодувањето на новата средина, новите дечиња, новата адаптација, во сите тие моменти Леонид ми се покажа како вистински борец.

Гордост ми е кога тие не веруваа во него, јас му подадов рака и реков ќе чекориме заедно, верувам во тебе и знам дека ќе успееме.

Сега во овие моменти тој постигнува таков успех што јас сум изненадена и сите нè прави горди, и затоа велам дека секој наш нов предизвик што ќе ни излезе на патот, јас го прифаќам со возбуда и помисла што е сето она следно што ќе ни го донесе овој предизвик.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-81.jpg

Како родители никогаш не се откажавме од него, од самиот почеток верувавме дека ќе успееме, не гледавме како жртва и сожалување на целава ситуација, туку од самиот старт кога се соочивме со информацијата дека Леонид има застој во неговиот развој и дека ќе нè чека долг пат и многу работа, ние во тие моменти прво бевме во шок и неверување, тоа е нешто најнормално кај секој родител, се исплакав, собрав сила и си реков јас му требам на моето дете во овие моменти кога сум му најпотребна, крени глава, прифати ја состојбата, исправи се и почни со работа.

Така и направив, ништо не знаев за оваа проблематика, но почнав полека, чекор по чекор, премногу истражував, читав, се едуцирав, и така за секоја нова фаза и нов предизвик јас учев нешто ново.

И кога пристигнавме тука во Швајцарија и кога им ја раскажав целата приказна за Леонид, за нашиот пат, каде бил и до каде сме стигнале, кој труд, упорност, работа и истрајност сме го вложиле врз него и не сме се откажале, детскиот психолог и неговата учителка од градинка само дадоа еден коментар кој никогаш нема да го заборавам: Оваа мајка преку работата со своето дете има достигнато знаење кое е на ниво на едукатор и рехабилитатор. Тоа за нас беше трофејот кој сме го постигнале за нашето дете.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-10.jpg

А, кои ви се најголемите стравови? Постојат ли?

Мислам дека не постои родител кој нема мала доза на некои стравови или сомнежи за понатака што и како ќе биде.

Меѓутоа јас сум човек кој секогаш гледа прво на позитивната страна и верувањето дека на крај секогаш сè ќе биде во ред.

Но сепак имало моменти кога сме стравувале со тоа како ќе се одрази врз него доаѓањето тука, како ќе се вклопи во училиште, како ќе биде понатака, кон која насока ќе се движи, дали ќе успее да остане во овој правец и да продолжи да биде дел од регуларното училиште.

Сè тоа се некои прашања во нас кои ни создаваат грижи, но јас премногу верувам во него и знам дека ќе успееме заедно да го изодиме овој пат и сепак на крај ќе го фатиме трофејот.

hristina-od-kichevo-se-preseli-vo-shvajcarija-so-2-deca-od-koi-edno-so-zastoj-vo-razvoj-zaminavme-otkako-go-zaboravija-sam-vo-gradinka-32.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...

Најчитани неделава