Светлана од Кривогаштани прави портрети со коса: „Не мислев дека е нешто посебно додека не се видов на Инстаграм кај Ноле“
Иако секој портрет има краток век на траење, бидејќи ги изработувам на подот во нашиот салон, а следниот ден тука мора да се работи, откако ќе го изработам портретот го сликам, и го оставам да стои до следниот ден, додека не стигнат првите клиенти.
Бидејќи портретите ги правам со големина од 2-3 метри, а никој не би сакал да гази на уметничко ремек-дело, клиентите го гледаат и секогаш се воодушевени, па веднаш ме прашуваат дали ми е жал што морам да го растурам.
Се разбира дека, да, но бидејќи знам дека на тоа место ќе следи ново дело, го сметам како процес.

Иако сликањето со коса е моја идеја, сега кога ги споредувам првите портрети со овие сегашните, можам слободно да кажам дека доста сум напреднала во изработката на истите.
Повеќето од портретите се јавни личности и со скоро сите остварив контакт и многу ми е драго за тоа. Беа изненадени и Тамара Тодевска и Тијана, Игор Џамбазов и Кире Лазаров.

Синовите на Есма Реџепова ми заблагодарија за портретот на кралицата на ромската музика.
Им благодарам на сите нив што ме инспирирале да ги насликам, бидејќи тие се нашето македонско богатство, тоа е непроценливо.

И додека ги сликам чувствувам должност кон секој лик, одговорност да направам убава слика, но и одговорност кон себе.
Мојата најголема слика од коса е поголема од 3 метри.

Тоа е дело што го насликав за мојата самостојна изложба која се одржа во декември 2025 во Кривогаштани.
Изложбата содржеше 40 уметнички дела во повеќе техники. Акрил на платно и камен, техника со молив и коса и моето ремек-дело - жена-воин, со должина повеќе од 3 метри.

Имам направено многу портрети од коса, а последен, на големо задоволство, ми беше портретот на македонскиот великан, актерот Петре Прличко.
Кога ги правам портретите од коса, кога сликам и создавам некое уметничко дело, задоволството е мое, така постојам“.

Погледнете повеќе фотографии на следната страница...










©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело