Браво! Ева (15) од Битола вози мотокрос и е единственото девојче што се натпреварува во Македонија
- Детали
- четврток, 29 јануари 2026
„Јас сум единственото девојче кое се натпреварува во мотокрос во нашата држава и бидејќи нема други женски натпреварувачки морам да возам со посилниот пол“, вели Ева Дамјановска од Битола за CRNOBELO.com, која успеа да освои и 3-то место.

Ева Дамјановска од Битола е млада и инспиративна девојка која се занимава со еден од најскапите спортови – возење мотокрос.

Таа вели дека првиот мотоцикл родителите ѝ го купиле за 12-иот роденден, а желбата за овој спорт ја наследила од својот брат.

Ева за CRNOBELO.com вели:
„Желбата ми се вроди со тоа што одев по тренинзи и натпревари со брат ми, кој е исто мотокрос возач и е осумкратен шампион на Македонија во неговата класа и кога тој премина од послаба во појака класа го пробав неговиот мотоцикл и така започна сè.

Потоа, за мојот 12-ти роденден моите родители ми купија мотоцикл 85цц за мене и така после една седмица ја возев мојата прва трка тука кај нас во Битола на патеката МХ Смолево.

Нашиот спорт е таков што никогаш немаме идеални услови за трка или тренинг, или е кал или има прашина, ама секој си се снаоѓа како знае, затоа и ни се тренинзите во различни временски услови.
