Браво! Ева (15) од Битола вози мотокрос и е единственото девојче што се натпреварува во Македонија
Мојот најголем успех го одбележав минатата година, кога го освоив третото место во генералниот пласман за 2025 година во класата мх 85.

За мене е многу значаен бидејќи успеав да се изборам за подиум помеѓу сите машки натпреварувачи.

Заборавив да напоменам дека јас сум единственото девојче кое се натпреварува во мотокрос во нашата држава и бидејќи нема други женски натпреварувачки морам да возам со посилниот пол.

Засега ги возам само трките од македонскиот шампионат на сите стази во Македонија, но се надевам дека нашата држава ќе има повеќе слух за овој спорт и ќе имаме подобри финансиски услови за да возиме и надвор од државата.

Мотокросот се води како најскап спорт, а ние немаме никаква помош“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело