Виктор Апостоловски за татковството: „Да ми кажуваше некој дека ќе се радувам на полна пелена немаше да му верувам“
Дали веќе се соочивте со први настинки, температура? Беше ли стресно?
И ова, фала му на Бога, не сме го доживеале досега, а се надевам и дека нема да го доживееме.
Ако е во имунитетот на тато, немаме гајле.

Дали имаш моменти кога се чувствуваш беспомошно?
Можеби првите ден-два, кога сè уште не знаев за што точно плаче, а не знае ни тоа, нити па знае да каже.
Ама во глобала сум немал некои други такви моменти.

Како се справуваш со советите од околината?
На почетокот ми беше очекувано, па и не реагирав многу, дури и си правев мајтап, ама никој не ми кажа дека ќе ги слушам истите работи од сите по едно милион пати.
Ти не бараш совет, ама тие сепак да ти кажат!
Не за џабе имам една емисија што се вика „Кој те праша?!“, ха, ха.
Такви сме како народ, терсене! Да бараш совет - никој нигде нема, ама ако не побараш - сите кажуваат! И тоа со став!
Мораш да ги послушаш! Вака и никако поинаку! Нема грешка!

Што научи за себе откако стана татко?
Иако не сум човек што премногу се оптоварува со секојдневни работи, сепак откако станав татко сфатив дека 90% од работите со кои си ја мачиме душата се комплетно небитни!
Сè што е битно ти е тука, на дофат на рака, или веќе во прегратката.
Битно е да сте сите на куп, здрави, живи и среќни! Сè останато е само бел шум.

Што ти е (за сега) најубавото нешто поврзано со татковството?
Сè! Уживам во секој момент. Од кога ќе стане таков сладок поспан, дур не го заспијам пак.
Уживам да го гушкам, да го гњавам, ама најмногу се радувам кога ќе ми се насмее! Смешко на тато!
И дефинитивно животот е многу поубав кога имаш за кого да го живееш.

Прочитајте и Љубовната приказна на Виктор Апостоловски и Милена: „Се запознавме во маркет, ми била фан како дете и имала мој постер“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
