Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми е Argy“
- Детали
- петок, 20 февруари 2026
„Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам подобро, диџејството е само збир од сите клучни нешта со кои луѓето што ме познаваат би ме поврзале – музика, танцување и позитивна енергија. И време е да се стави крај на кичот“, вели Марија Јанчевска (20) од Скопје.

Марија Јанчевска (20) од Скопје која се занимава со глума, пишување, а од неодамна и со диџејство.
Таа веќе имала настапи во некои од препознатливите скопски локали, а сега, заедно со Елена Иваноска, го започнаат и диџеј дуото The Aft3r.
Инаку е дел од тинејџерската серија „Тин камп”.
Марија за CRNOBELO.com вели:
„Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам подобро, диџејството е само збир од сите клучни нешта со кои луѓето што ме познаваат би ме поврзале – музика, танцување и позитивна енергија.
Тоа отсекогаш сум била јас и приватно и на сцена, бидејќи сепак примарната професија ми е актерството.

Не ми се допаѓа трендот што им се наметнува на младите – дека излегувањето во диско со друштво е нешто погрешно или површно.
Таа „clean” естетика и константното прикажување на клабингот како нешто негативно, според мене, создава непотребна вина околу нешто што е сосема природно.
Младоста треба да се живее. Социјалниот живот е составен дел од растењето, а излегувањето е една од најчистите форми на социјализација, па дури и терапија.

Живееме во време кога контактот со луѓе ни е на дофат, но можеби токму таа достапност нè прави позатворени како генерација. Затоа верувам во баланс – одговорност кон обврските, но и одржување на социјалната динамика. Едното не го исклучува другото.
На позадината од мојот телефон стои цитат:
„Oh but darling, to not dance when you had the health and could hear the music — well, that could be the biggest regret of your life”.

И навистина се водам според тоа. Да не танцуваш кога можеш, кога имаш здравје и кога ја слушаш музиката – тоа би била вистинска загуба.
Започнав без очекувања, но ме радува што сè повеќе луѓе ја препознаваат мојата енергија и повторно доаѓаат на сетовите. Таа синергија помеѓу изведувачот и публиката е секогаш хајлајтот – моментот кога просторот дише како едно. Тоа е она што ме мотивира повторно и повторно.
Во овој сè уште скромен период во кој сум во оваа индустријата имав можност да запознаам фантастични луѓе и да соработувам со Sempre, како и да бидам дел од неколку нивни сетови во Станица 26.

Имав чест да бидам и дел од opening line-up за еден од моите диџеј идоли, Argy – искуство што навистина ме поттикна уште повеќе да работам на себе.
Изминатата година пуштав музика низ повеќето градови кај нас, а и надвор од границите на Македонија.
Во однос на стилот, афро хаус е звукот што лично најмногу ме движи. Тој ритам има нешто примарно, нешто што те поврзува со сопственото тело и внатрешна енергија.

