Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми е Argy“
Верувам дека нашата генерација може да биде реформатор во ноќниот живот – да создаде простор за квалитетна музика, надвор од кичот и турбофолк естетиката што со години доминира.
Со првиот такт, дневните проблеми стануваат помали. Сосема се внесувам во музиката. Учам, истражувам, се надградувам, но пред сè, се чувствувам исполнето.

Од неодамна, заедно со Елена Иваноска го започнавме и диџеј дуото The Aft3r.
Првиот заеднички сет ни следи наскоро и чувствувам дека ова е ново поглавје што допрва ќе се развива и гради.

Публиката оваа сезона ќе има можност да нè слуша во Станица 26 – клуб кој со години поставува стандарди кога станува збор за електронска музика и квалитетна продукција.
Името The Aft3r има повеќе слоеви. „After” за нас не е само afterparty. Тоа е состојба.

Моментот по кулминацијата, кога маските паѓаат, кога остануваш само ти и музиката. Тоа е просторот каде што енергијата е почиста, поинтензивна и поискрена.
The Aft3r е симбол на она што се случува после – после очекувањата, после трендовите, после наметнатите правила. Простор каде што звукот зборува погласно од естетиката, а чувството е поважно од формата.

Ние сакаме да создадеме атмосфера што не е само за слушање, туку за доживување – момент што останува како aftertaste долго по последниот такт.
2025 ме вовлече во светот на музиката. Се надевам дека 2026 ќе ме научи како вистински да функционирам во него.
Чувствувам дека имаме многу да покажеме и споделиме со публиката – нашиот бран допрва доаѓа“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
