Д-р Марија Милановска, невролог за CRNOBELO: „Мигрена - како да се препознае, како се лекува, каде грешите?“

d-r-marija-milanovska-specijalist-po-nevrologija-za-crnobelo-migrena-kako-da-se-prepoznae-kako-se-leku-04.jpg

Како се лекува мигрената?

Ако станува збор за епизодна мигрена, која се јавува ретко, тогаш се ординираат лекови од групата на триптани, кои имаат за цел да го прекинат мигренозниот напад.

Клучно е да му се советува на пациентот да го земе лекот веднаш штом ќе се појави главоболката, во спротивно, истиот нема да делува.

Ако станува збор за мигрена од хроничен карактер, онаа која се јавува повеќе од 15 пати во месецот, тогаш се прибегнува кон хроничен третман, кој подразбира секојдневно земање на лекови, најчесто од групата на антиконвулзиви, антидепресиви или антиаритмици, кои имаат за цел да ја намалат честотата на главоболката.

d-r-marija-milanovska-specijalist-po-nevrologija-za-crnobelo-migrena-kako-da-se-prepoznae-kako-se-leku-06.jpg

Стилот на живот, менаџирањето на стресот, техниките на релаксација и одмор исто така имаат значајна улога во намалувањето на фреквенцијата и интензитетот на мигрената.

Специфични типови на мигрена се вестибуларната и абдоминалната мигрена. Нивната клиничка слика понекогаш може да нè одведе во погрешна насока, кога станува збор за правилно поставување на дијагноза на мигрена.

d-r-marija-milanovska-specijalist-po-nevrologija-za-crnobelo-migrena-kako-da-se-prepoznae-kako-se-leku-02_1.jpg

Кај вестибуларната мигрена, освен главоболката, доминираат како неизоставен дел од клиничката слика интензивните вртоглавици, зуење во ушите, нестабилноста при одење и стоење, отежнатото одржување рамнотежа, гадењето и нагонот за повраќање.

Кај абдоминалната мигрена, која примарно ги афектира децата, освен главоболката, се јавува, и во клиничката слика доминира болка во стомакот, мачнина, гадење и нагон за повраќање.

d-r-marija-milanovska-specijalist-po-nevrologija-za-crnobelo-migrena-kako-da-se-prepoznae-kako-se-leku-08_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Марија и Борис живеат помеѓу два света, Скопје - Ротердам: Таа е на мастер студии, тој создава музик... „Во Холандија децата буквално уште од раѓање  во количка ги шетаат боси, из...
Марија-Магдалена од Битола има онлајн продавница за облека од втора рака: „И јас во најголем дел ком... „Околу 70% од мојата облека е од втора рака, а мое win парче е бунда за која доб...
Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Ана Марија Таневска (28) од Скопје: „Луѓето ме доживуваат како атрактивна девојка што вози бесни мот... „Моето хоби, на прво место, се мотоциклите. Посетувам салони за убавина и нега н...
Љубовната приказна на актерите Марија Лазарова и Марко Трајковиќ: „Ќерка му го избрала свршеничкиот ... „На Марко вистински 'паднав' кога видов колку е скромен, природен, народен човек...

Најчитани неделава