Љубовната приказна на Марија од Куманово и Ваман од Индија: „Се запознавме во Лондон, сега живееме во Дубаи“

На почетокот, една вечер, го осветли целиот стан со 200 свеќи и ливчиња од рози, само за да ми каже дека ме сака.

Не затоа што беше годишнина. Не затоа што беше посебен ден. Туку затоа што така чувствуваше.

Понатаму следеа изненадувања за нашите годишници, Денот на вљубените, па дури и датумот кога прв пат сме се запознале...

Никогаш не заборава да ме одушеви дури и две години врска подоцна.

ljubovnata-prikazna-na-marija-od-kumanovo-i-vaman-od-indija-se-zapoznavme-vo-london-sega-zhiveeme-vo-dubai-08.JPG

Но она што ме освои не беа само големите гестови. Беа малите.

Отворање на секоја врата. Ми го става палтото на рамена, ми ја извлекува столицата пред да седнам и тој направи тие мали џентлменски гестови да ми станат стандард.

Фактот што памти ситници - книга што сум спомнала дека сакам да ја прочитам, чоколадо што го сакам кога сум под стрес, моето омилено цвеќе во денови кога сум нерасположена.

Секогаш внимава да бидам спокојна, насмеана и згрижена, како неговата најголема одговорност да е мојата удобност и мир.

ljubovnata-prikazna-na-marija-od-kumanovo-i-vaman-od-indija-se-zapoznavme-vo-london-sega-zhiveeme-vo-dubai-18.jpg

Тој секогаш вели дека кај мене најмногу ја сака мојата истрајност и амбиција, тоа што никогаш не се откажувам.

Но истовремено и мојата негувателска страна. Често се шегува дека балканските жени се создадени така, силни, издржливи и истовремено нежни.

Мажите од Индија, барем од моето искуство, се безнадежни романтичари.

Ја изразуваат љубовта гласно и без страв, барем што имам забележано во нивните многу познати песни. Ако нешто навистина го понел од индиската култура, тоа е токму таа една карактеристика.

Освен тоа, тој не е „типичен Индиец”, тој е многу интернационален, бидејќи повеќето од својот живот го има поминато во САД, Велика Британија, Дубаи и Кина.

Постојано патува поради бизнис, особено во Кина, каде што дури научил и дел од јазикот.

ljubovnata-prikazna-na-marija-od-kumanovo-i-vaman-od-indija-se-zapoznavme-vo-london-sega-zhiveeme-vo-dubai-11.JPG

Културните разлики постојат, секако. Но она што најмногу ме изненади беше колку всушност сме слични.

Македонија е мала земја со длабоки православни традиции и култура во која семејството е основна вредност. Истото важи и за Индија.

И покрај тоа што е една од најстарите цивилизации во светот, со над милијарда луѓе, стотици јазици и различни религии, семејството таму има централна улога во животот на секој човек.

ljubovnata-prikazna-na-marija-od-kumanovo-i-vaman-od-indija-se-zapoznavme-vo-london-sega-zhiveeme-vo-dubai-13.JPG

Мислам дека токму тоа е јадрото на нашата врска, истите вредности. Почитта кон родителите, блискоста со поширокото семејство, начинот на кој се слави заедно, се плаче заедно и се радува заедно.

Свадбените обичаи, доаѓањето по невеста, мекици на новороденче, музиката, солзите од радост, неверојатно се слични.

Дури и некои зборови во македонскиот јазик имаат далечни корени од санскрит, кои низ историјата стигнале и до нас, како тивка потврда дека овие култури не се толку далечни како што изгледаат.

ljubovnata-prikazna-na-marija-od-kumanovo-i-vaman-od-indija-se-zapoznavme-vo-london-sega-zhiveeme-vo-dubai-10_copy.jpg

Јас сум православна христијанка. Тој не се идентификува строго со една религија, иако неговото семејство ги почитува хинду традициите.

Со мене стои во македонска православна црква, се крсти, пали свеќа. Во Индија, со истата почит влегуваме во хинду храм.

Никогаш не се обидовме да се промениме, туку само да се разбереме со голема љубопитност.

ljubovnata-prikazna-na-marija-od-kumanovo-i-vaman-od-indija-se-zapoznavme-vo-london-sega-zhiveeme-vo-dubai-17.JPG

Најмногу се плашев од тоа како ќе нè прифатат семејствата. Искрено, имав огромни сомнежи. Мислев дека разликите ќе бидат преголеми, дека ќе има предрасуди, дека ќе треба време.

Но се случи нешто сосема спротивно. Моето семејство го пречека со отворени раце. Го учеа македонски зборови, му објаснуваа традиции и македонска историја.

Кога дојде во Македонија за Божиќ, му се падна паричката во бадниковото лепче. Беше пресреќен.

Искрено, кај неговите поголемо изненадување беше што воопшто решил да биде сериозен со некого, отколку фактот дека сум од Македонија, веќе претпоставувале дека ќе заврши со девојка од друга земја.

ljubovnata-prikazna-na-marija-od-kumanovo-i-vaman-od-indija-se-zapoznavme-vo-london-sega-zhiveeme-vo-dubai-25.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg