Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит
Од неа ги „крадев“ првите шминки, ги пробував високите потпетици и сонував ден кога ќе можам да ја позајмувам нејзината гардероба.
Со текот на годините експериментирав со различни стилови.

И денес имам денови кога изгледам како да сум излезена од модно списание, но и денови кога приоритет ми е удобноста – обожавам комфорни, па дури и „пижама“ кроеви, кои сепак изгледаат доволно софистицирано за да се носат надвор.

Не сакам вулгарност. И понатаму ги почитувам старите модни правила: ако здолништето е кратко, горниот дел е затворен; ако деколтето е понагласено, силуетата долу е посмирена.
Внимавам многу на материјалите – тие можат да изгледаат луксузно или евтино, а и директно влијаат на кожата.

Синтетиката речиси и да не постои во мојот гардеробер.
Мојот најважен „моден детаљ“ е хигиената – чиста, средена коса и уредни нокти секогаш.

Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и фин накит.
Особено ме инспирира естетиката на Van Cleef & Arpels и Cartier – парчиња што се безвременски и инвестиција сама по себе.

Со текот на времето сфатив дека чантите, без разлика на цената, се инвестиција што лесно се оштетува. Затоа фокусот го пренасочив кон накит – нешто што останува.
Чевлите и чантите можат да бидат поскапи и луксузни, а остатокот од комбинацијата да биде од подостапни брендови – важно е како ќе се искомбинираат.

Имам слабост и кон брендирани очила за сонце – секогаш сакам уште еден пар, иако реално ретко ги носам.

