Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит

Не ги следам слепо трендовите. Носам само она во кое се чувствувам своја. Модата треба да ја истакне личноста, не да ја засени.

Воедно, имам јасен став кога станува збор за правецот во кој дел од модната индустрија се движи денес.

Не поддржувам сатанизирачки, перверзни и морално искривени содржини кои сè почесто се пласираат под превезот на „уметност“.

daniela-od-skopje-e-vpechatliva-modna-dama-so-strast-za-skap-i-bezvremenski-nakit-na-koja-dubai-i-e-dom-18.jpeg

Верувам дека зборот „art“ во современиот моден наратив премногу често се злоупотребува за да се поместат границите на нормалното и достоинственото.

За мене, модата не треба да шокира по секоја цена, ниту да провоцира преку вулгарност и екстреми.

daniela-od-skopje-e-vpechatliva-modna-dama-so-strast-za-skap-i-bezvremenski-nakit-na-koja-dubai-i-e-dom-20.jpeg

Модата е култура, естетика и вредност. Таа треба да ја возвиши жената, да ја нагласи нејзината сила, елеганција и интегритет, а не да ја сведува на контроверзија.

Верувам во храброст, но со мерка. Во креативност, но со свест.

daniela-od-skopje-e-vpechatliva-modna-dama-so-strast-za-skap-i-bezvremenski-nakit-na-koja-dubai-i-e-dom-14.jpeg

И во уметност која остава впечаток поради својата убавина, а не поради својата шокантност.

Во моментов, мојата нова опсесија е комбинацијата на baby pink со бела боја – свежина, нежност и женственост во најчиста форма.

daniela-od-skopje-e-vpechatliva-modna-dama-so-strast-za-skap-i-bezvremenski-nakit-na-koja-dubai-i-e-dom-05.jpeg

На крајот, стилот не е само облека — тоа е аурата што ја носиш со себе.

Енергијата што ја шириш кога ќе влезеш во просторија, ставот, начинот на кој се движиш — тоа е највпечатливото модно парче кое навистина заслепува.

daniela-od-skopje-e-vpechatliva-modna-dama-so-strast-za-skap-i-bezvremenski-nakit-na-koja-dubai-i-e-dom-16.jpeg

Облеката може да го надополни изгледот, но присуството е она што остава трага“.

Повеќе фотографии од Даниела:

 

Прочитајте и Даниела од Скопје, живее во Дубаи со семејството 3 години: „Не го заклучуваме станот, луксузот е на сите страни“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Вера Мештеровиќ за стилот и убавината: „Одам на масажа двапати неделно, и во зима користам SPF50“ „Долго време не внимавав на исхраната, но ми се појави интолеранција на лактоза,...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg