Милјана Ѓуровска е модна дама што живее во Германија - верува дека елеганцијата доаѓа однатре (фото)
Мој препознатлив детаљ се очилата и минималистичкиот накит во комбинација со впечатлив крој.
Сакам кога изгледот зборува, но без да вика.

Да се биде жена со манири денес е поважно од кога било.
Стилот не е само во облеката – туку во начинот на кој зборувате, се движите, комуницирате.

Вистинската елеганција доаѓа од внатре.

Моите топ модни правила:
Квалитет пред квантитет. Подобро едноставно и софистицирано отколку пренатрупано.
Самодовербата е најдобриот моден додаток.

Омилени бои ми се белата, црната, беж и земјените тонови – тие ја истакнуваат елеганцијата и дозволуваат да се игра со текстури и форми.
Моите највпечатливи изданија биле на модни настани во Париз, како и на луксузни вечерни случувања во Германија.

Таму сакам да експериментирам со архитектонски кроеви, драматични силуети и впечатливи детали.
Колку и да ја сакам модата, јас секогаш за патувања се пакувам стратешки.
Избирам неутрална палета за сè да може да се комбинира и најчесто успевам во еден куфер – тајната е во паметното комбинирање и внимателниот избор на обувки.

За крај би додала дека за мене модата е начин на изразување, но никогаш маска.
Таа треба да ја нагласува личноста, не да ја прикрива.

Жената која знае која е – секогаш ќе биде стилска и впечатлива“.
