Љубовната приказна на Елена Романова и ‘Модернизам и ренесанса’: „Ме запроси со прстен на грамофонска плоча“
Бевме средe корона, па така немаше ни свадба, можеби ќе има некогаш.
Нашите најблиски стоеја под прозорeц, ние рековме „да“ и тоа беше тоа. После малку дома на едно „живели“.
Имаме две дечиња, Димитар и Неда, нашиот најнов член на семејството е Неда. Децата ни се центарот на светот, ама секогаш имаме време и за нас.

Мислам дека тие ни потврдија дека изборот да бидеме јас и тој заедно е оној вистинскиот.

Не можам да кажам дека сум јас таа што ги прави романтиките, па се подразбира дека тој е оној поромантичниот.
А која е најромантичната работа што ја направил за мене? Веројатно тоа што ми има нацртано графит и истиот си го има истетовирано.

Во брак сме речиси 6 години и покрај обврските мислам дека почитувањето и сакањето се на највисоко ниво.

А за успешен брак... Потребно е компромис, балансирање на работите, поддршка и љубов, секако.
Секогаш треба да работиме на тоа“.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
