Убави Македонки: Ивана Караџова - наш светски модел и долгонога убавица со совршени сини очи
- Детали
- сабота, 07 март 2026
„Оваа индустрија бара трпеливост и посветеност. Често се соочуваш со одбивања, голема конкуренција и темпо кое знае да биде многу интензивно, но токму тие искуства ме научија да бидам многу поупорна, фокусирана и да верувам во себе и во мојот пат“, вели нашиот модел Ивана Караџова.

Ивана Караџова (25) од Скопје е наш светски модел, со завидно искуство зад себе во светски рамки, а сега искуството од светот ќе го донесе и кај нас, преку агенцијата која ја отвораат со нејзината колешка Елена Реи.
Оваа долгонога синоока убавица дефинитивно е на листата на најубави Македонки.

За својата модна кариера, Ивана споделува за CRNOBELO.com:
„Би сакала да нагласам дека низ кариерата имам работено многу повеќе кампањи и едиторијали, отколку ревии, затоа што искрено повеќе се пронаоѓам во тој тип на моделинг.

Не сум runway тип на модел и најголемиот дел од мојата работа е поврзан со снимања, бренд кампањи и комерцијални проекти.

Имав чест да работам за брендови како Intimissimi, Pronovias, L'Oréal и MAC Cosmetics, што за мене претставува професионално достигнување и потврда за досегашниот труд.

Секако, и ревиите имаат своја магија. Ревијата на Intimissimi беше едно навистина прекрасно искуство, да бидам дел од таков настан и опкружена со врвни модели беше чест и момент што ќе го паметам.

Секако, како и во секоја професија, имало и предизвици. Моделинг индустријата бара многу дисциплина, трпеливост и константна посветеност.

Често се соочуваш со одбивања, голема конкуренција и темпо кое знае да биде многу интензивно, но токму тие искуства ме научија да бидам многу повеќе упорна, фокусирана и да верувам во себе и во мојот пат.

