Гаро Тавитјан за Андреј ДНК, другарот од училишните клупи: „Беше омилен во нашиот клас, нè собираше секоја година да се дружиме“
Ако постои маестро и виртуоз на љубовта и емпатијата тоа ќе биде Андреј, во вечноста!
Колку време треба да помине за да се заледат солзите или да испарат со што ќе се заврти еден круг по пат на кондензација и ќе се вратат назад во етерот на нашите души?
За ваков прекрасен човек постојат зборови и зборови, текстови, комплименти, сеќавања, пофалби, награди, освојувања на сцени и благодарности, но овој пат ќе кажам само едно нешто, а можев да кажам многу нешта:
'Не можеме да ја објасниме со овоземски зборови твојата суштинска големина, љубовта и трагот кој го остави засекогаш! Низ твоето драгоцено семејство ќе живее твојот чесен дух, добрина, продуховеност и суштинска длабочина со која зрачеше, а низ твојата инспиративна музика ќе живее позитивната аура и симболот на херојството и хуманоста каква што не сме ја виделе!'
Да, како што реков, боли твојата отсутност, а моите невидливи солзи се подобар писател во моментот... Почивај во мир, Андреј!“

Двајцата пријатели низ годините си гостувале меѓусебно на концерти, а од тоа време има и неколку видеа.
Во студиото на Гаро е снимено и едно од првите видеа на ДНК, за песната „Благодарам однапред“, каде тој им гостува на тапани.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело