Гаро Тавитјан за Андреј ДНК, другарот од училишните клупи: „Беше омилен во нашиот клас, нè собираше секоја година да се дружиме“

Ако постои маестро и виртуоз на љубовта и емпатијата тоа ќе биде Андреј, во вечноста!

Колку време треба да помине за да се заледат солзите или да испарат со што ќе се заврти еден круг по пат на кондензација и ќе се вратат назад во етерот на нашите души?

За ваков прекрасен човек постојат зборови и зборови, текстови, комплименти, сеќавања, пофалби, награди, освојувања на сцени и благодарности, но овој пат ќе кажам само едно нешто, а можев да кажам многу нешта:

'Не можеме да ја објасниме со овоземски зборови твојата суштинска големина, љубовта и трагот кој го остави засекогаш! Низ твоето драгоцено семејство ќе живее твојот чесен дух, добрина, продуховеност и суштинска длабочина со која зрачеше, а низ твојата инспиративна музика ќе живее позитивната аура и симболот на херојството и хуманоста каква што не сме ја виделе!

Да, како што реков, боли твојата отсутност, а моите невидливи солзи се подобар писател во моментот... Почивај во мир, Андреј!“

garo-tavitjan-za-andrej-dnk-drugarot-od-uchilishnite-klupi-beshe-omilen-vo-nashiot-klas-ne-sobirashe-sekoja-godina-da-se-druzhime-04.jpg

Двајцата пријатели низ годините си гостувале меѓусебно на концерти, а од тоа време има и неколку видеа.

Во студиото на Гаро е снимено и едно од првите видеа на ДНК, за песната „Благодарам однапред“, каде тој им гостува на тапани.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Инспиративната приказна за Леон (3) од Скопје и неговите дедовци - со едниот спортува, со другиот од... Игрите со дедо се лекции за цел живот, а врската дедо-внук е нераскинлива. Леон ...

Најчитани неделава