Љубовната приказна на актерката Ангела Д. Митровиќ и сопругот Дејан: „Ме запроси во фото-кабина во Виена“
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
„Да бидам искрена, мене тој ми се допаѓаше од претходно, но го оставив сам да ми пријде. Не требаше многу да се мачи за да стигне до мене, но морав бар малку да го натерам да се потруди“, ја раскажа Ангела, актерка од Театарот за деца и млади својата љубовна приказна за CRNOBELO.com.

Ангела Димитрова Митровиќ (33) од Битола, е актерка вработена во Театарот за деца и младинци во Скопје, магистер на уметности од 2023-та.
Нејзиниот сопруг Дејан Митровиќ (32) од Скопје е дипломиран контрабасист и професор по контрабас во средното музичко училиште „Илија Николовски - Луи”, но и дел од бендот Peach Vice.
Парот, кој направи свадба на почетокот на 2026-та, се запознал преку пејачката Теа Трајковска, која им е заедничка другарка.
Таа и го фати бидермаерот на нивната венчавка.

За нивната љубовна приказна, Ангела раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:
Како се запознавте со Дејан? Раскажи ми подетално за вашите почетоци...
Нашата прва средба се случи преку заедничка другарка која ме повика на свирка каде што свиреше Дејан.
Отидовме на свирката и така се запознавме.
Таа другарка сигурно ја знаете, тоа е пејачката Теа Трајковска, којашто на нашата свадба го фати и бидермаерот, на што посебно се радувам, со оглед на тоа дека токму таа нè спои.

Со што те освои сопругот? Или ти беше таа што требаше да го освојува?
Да бидам искрена, мене тој ми се допаѓаше од претходно, но го оставив сам да ми пријде.
Не требаше многу да се мачи за да стигне до мене, но морав бар малце да го натерам да се потруди.
Сè беше некако спонтано, почнавме да правиме муабет како да се знаеме веќе долго време.

Дали веднаш знаеше дека тој е вистинскиот или со текот на времето сфати дека сте создадени еден за друг?
Веднаш знаев дека тој е вистинскиот за мене, иако не кажував.
Чекав и времето да ми ја потврди интуицијата.

Како изгледаа првите средби со семејствата - и со твоето и со неговото? Кој имаше поголема трема?
Запознавањето на нашите семејствата беше многу спонтано и без никаква трема ни од едната ниту пак од другата страна.

