Eден ден со Јована, мајка на девојче (4) со Даунов синдром и бебе: „Утрото ни е хаотична трка, вечерта Софи тешко заспива“
Во тие 5-6 часа додека Софи е во градинка, имам чувство дека работите сами се создаваат низ домот – секогаш има нешто ново за средување.

Есенва се преселивме во нова куќа со двор, што носи уште повеќе обврски. За надвор сè уште немам доволно време со Воин, но давам максимум да биде средено и таму.

Тоа средување на домот што ме исцрпува и ме изморува само е почеток на трката која следи попладне.

Откако ќе ја земам Софи од градинка започнува новата борба со енергија и сила за да издржам до вечер.

Тука започнува новиот хаос – ручек, обврски и учење како сите да се прилагодиме едни на други.

До пред два месеца, овој дел од денот беше целосно посветен на Софи – на игра, на вежбање моторика, на зборчиња и трпеливо објаснување на секој мал детаљ.
Софи е дете со Даунов синдром, па посветеноста кон нејзиниот развој ни е најголем приоритет.
Прочитајте и Јована М. Петревска: „На ќерка ми Софи ѝ беше дијагностициран Даунов синдром 2 седмици по раѓањето - таа е совршена“
Сега учиме како таа љубов и внимание да ги поделиме, без ништо да изгуби од тоа што ѝ е потребно.
Не е секогаш лесно, малку солзи, малку насмевки, го наоѓаме нашиот ритам.
