Eден ден со Јована, мајка на девојче (4) со Даунов синдром и бебе: „Утрото ни е хаотична трка, вечерта Софи тешко заспива“
Кога конечно ќе дојде време за спиење, и таму имаме борба.
Софи е многу активно дете и навечер не сака да спие – од игра во игра, тешко се смирува за да заспие.

Во меѓувреме, Воин веќе спие, а ние се трудиме да го завршиме денот и да заспиеме, честопати по неколку часа.

Мојот сопруг Деко во текот на денот е на работа и оди на смени.
Кога е прва смена, имаме повеќе време заедно, но кога е втора, најчесто утрото е полно со обврски кои мора да се средат, а тој се враќа навечер, доцна.

И покрај заморот, тој е посветен татко и сопруг кој многу често ме заменува во ноќните часови кога Воин е вознемирен и сака да се гушка.

Борбата за егзистенција во главно е на негов товар, додека мајчинството и домаќинството се мој.
Не е дека немаме поддршка од нашите блиски, но тоа се само 1-2 часа неделно кога ја чуваат Софи, за да можам да завршам обврски што со двајцата истовремено не можам.
Или едноставно не сум подготвена за многу плачење по пат.
Откако сум мајка на Софи, многу работи ги научив несвесно.
Особено кога Господ ни го подари и Воин, сфатив дека мајчинството не е лесна работа – тоа е работа без одмор, без „не можам“, без причина за отсуство.

Мајчинството е работа од 24 часа, секој ден, цел живот. Нашиот живот не е совршен, не е како убава бајка од највисоката полица, но е со убава корица која јас и мојот сопруг барем досега го градиме да е убав и идеален за нас и нашите деца.

Замор умор и неспиење ни се верни другари овој период“.


Прочитајте и Љубовната приказна на Јована и Дејан Петревски: „24 часа пред свадбата дознав дека сум бремена, синдромот на Софи ни ја зајакна љубовта“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело