Eден ден со Јована, мајка на девојче (4) со Даунов синдром и бебе: „Утрото ни е хаотична трка, вечерта Софи тешко заспива“
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
„Тато до доцна навечер e на работа, но наутро мора он да е тој кој ќе ја спрема Софи за градинка. Со многу трпение, иако без енергија, тато ги исполнува сите нејзини „правила“ уште од ноќта. А јас, на другиот крај од собата преморена, сум со Воин – 2-месечно бебе што цела ноќ се буди на секои 2 – 3 часа за доење и пресоблекување“, ја започнува Јована М. Петревска (28) својата приказна за CRNOBELO.com.

Јована Младенова Петревска (28) од Скопје е мајка на 2-месечното бебе Воин и на 4-годишното девојче со Даунов синдром, Софи.
Малата Софи ја добила дијагнозата 2 седмици по раѓањето, а Јована неуморно работи на нејзиниот развој.

Најголема поддршка на Јована во секој миг ѝ е нејзиниот сопруг Дејан Петревски (32), вработен како доставувач во скопска пицерија и одговорен за егзистенцијата на семејството.
Тие уживаат во улогата на родители на Воин и Софи и велат дека нивната животна приказна не е совршена бајка и на моменти е тешко и е хаотично, но за нив е најубавата приказна на светот.

Еден ден со Јована Младенова Петревска, мајка на две мали дечиња:
„Иако навиваме аларм за градинка, едно од децата секогаш се буди барем еден час порано.
Утрото е трка со време и со емоции.

Во принцип сите дома сме спанковци почнувам од Тато кој е до доцна навечер на работа, но наутро мора он да е тој кој ќе ја спрема Софи.
Со многу трпение, иако без енергија, тато ги исполнува сите нејзини „правила“ уште од ноќта.
А јас, на другиот крај од собата преморена, сум со Воин – 2-месечно бебе што цела ноќ се буди на секои 2 – 3 часа за доење и пресоблекување.

Од утринската брканица за градинка, домот е во хаос. Додека го дојам и спремам Воин, тато ја спрема Софи.
Потоа јас ја носам во градинка со бебето, а тато брза на работа – веќе доцни, исполнувајќи ги сите желби.

Откако ќе ја оставиме Софи, денот продолжува со „смирена“ трка со времето – облека, садови, ручек и чистење.
Воин е со мене 99% од денот, во марама или раце. Софи не сакаше во раце, а Воин не сака да биде легнат – постојано сака да е до мене.
