Живко од Скопје е гејмер и колекционер: „Имам повеќе од 1.800 видеоигри и фигури, колекцијата чини над 60.000 евра“
Како бришеш прашина? Кои се предизвиците што доаѓаат со толку голема колекција?
Уф, голем проблем! Ајде игрите и така и така, ама фигурите и Lego сетовите, тоа е проблем.
Среќа имам повеќе млади момци на располагање, па со дебели четки за шминка четкаат околу еднаш неделно.
Дали ти се изиграни сите игри што ги имаш (не 100% комплетирање, барем главната приказна)?
Не, тоа е невозможно.
Според „каунтерот“ на профилите на PC и Nintendo, јас играм околу 1.700 часа годишно, но сепак тоа е малку во споредба со тоа колку купувам стари и колку нови игри излегуваат.
Би рекол дека ми се изиграни околу 30% од игрите, со тоа што повеќето од нив ми се на 100%
Како реагираат гостите на огромната колекција? Имал ли некој некоја смешна реакција?
На слики изгледа импресивно, но во живо ефектот е многу понагласен, предизвикува восхит и овации и најчесто завршува со тура како во музеј (хаха).
Од каде најчесто купуваш фигури? А, видеоигри? Дали можеби се префрлаш на дигитални изданија на видеоигри или им остануваш верен на физичките копии?
Јас во мојот живот не сум купил дигитална игра, а оние што PS ги дава бесплатно со претплатата не ги играм (хаха)!
Многу ги поддржувам физичките копии, но сепак знам дека се во опаѓање. На луѓето им е попрактично, побрзо, не фаќа место...
Меѓутоа, чувството кога ќе купиш нова игра и ја имаш во рака, која патем излегла со посветен контролер или прекрасна фигура, не може ни 100 дигитални игри да го заменат за мене.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Софија Спирова | Црнобело