Надица од Валандово: „Син ми Лука (6) се роди со 720g, се избори лавовски, но на 16 месеци ја добивме дијагнозата - рак“
Како се промени животот на вашето дете и на вашето семејство по завршувањето на лекувањето?
Животот ни се промени во целост. Дефинитивно веќе не гледаме со исти очи како порано.
Оваа тешка борба нè поврза уште повеќе, ги променивме приоритетите. Станавме посилни, поблагодарни.

Дали правите редовни прегледи, какви и на колку време?
Да, секако. Моментално кај нас правиме прегледи на три месеци, стандардни крвни анализи.
Во Италија на една година, таму имаме повеќе прегледи како: рендген, ехо на срце, ехо, доплер на црн дроб.

Како го дочекавте и прославивте мигот - 5 години живот без рак?
5 години без рак е значаен момент за многу онколошки пациенти.
Лука е 6 и пол години и веќе се распрашува за своите белегчиња по телото, па така полека и го запознавам со неговите поминати борби.

Целиот ден му го организиравме со изненадувања. Имавме фотосесија, торта со дување свеќичка на значајните 5 години, балони и за крај дружба со другарчињата во знак на победата.

Какво прваче е тој?
Лука е едно среќно мало прваче. Го живее животот со полн здив.
Се труди, учи, соработува и многу го сака училиштето, децата и целиот персонал.
Тој е еден мал миленик меѓу нив. Сите го обожаваат него и неговите лудории.

Што би сакале други родители да знаат ако нивното дете се соочува слична дијагноза?
Дозволено е да се плашите, но не ја губете надежта. Вашата љубов е најголемата сила за вашето дете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело