Најгласната жртва на педофил во Македонија не сопира со борбата - Кирил Ангелов од Велес со подвиг за поздрав

„Испешачивме 111 километри за да се чуе нашиот глас, гласот на жртвите. Првичната цел е да им кажеме и покажеме на овие жртви дека не се сами, дека ние сме тука со нив, дека верувам сите се тука за нив. Сакаме воедно и да ги охрабриме да побараат помош, да се доверат некому за да се олесни тој товар, и ако се подготвени, да ја раскажат својата приказна“, испраќа моќен апел Кирил Ангелов од Велес.

najglasnata-zhrtva-na-pedofil-vo-makedonija-ne-sopira-so-borbata-kiril-angelov-od-veles-so-podvig-za-pozdrav-01.jpg

Кирил Ангелов, роден во Велес, а живее во Скопје од 2008 година, е писател на две дела, Безсловен и Исаак.

Во Безсловен говори за сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на низата трауми и е навистина инспиративна личност која воодушевува со храброста.

najglasnata-zhrtva-na-pedofil-vo-makedonija-ne-sopira-so-borbata-kiril-angelov-od-veles-so-podvig-za-pozdrav-09.jpeg

Тој во интервју за CRNOBELO.com говореше за злоупотребата од страна на педофил, како и за низа други животни предизвици.

najglasnata-zhrtva-na-pedofil-vo-makedonija-ne-sopira-so-borbata-kiril-angelov-od-veles-so-podvig-za-pozdrav-11.jpg

Сега, за CRNOBELO.com споделува детали за мисијата пешачење 111km во име на поткренување на јавната свест:

Како помина мисијата и за што стануваше збор?

Слава на Бога, со голема благодарност и радост можам да соопштам дека ги завршивме 111-те километри пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца, булинг (врсничко насилство) и секоја останата форма на злоставување.

Како што првично беше објавено, целта ни беше и сè уште ни е, подигнување на свеста во Македонија за сексуално злоставување на деца, булинг (врсничко насилство) и секоја останата форма на злоставување.

Но, како со секој подвиг, па така и со овој, се случија непредвидени моменти кои променија некои веќе исцртани планови.

Првото беше тоа што поради временските услови пешачењето беше поместено неколку денови порано, а второто беше самата рута. Поради безбедносни причини, дозволи и, во последен момент беше одлучено рутата да биде Скопје – Велес, па потоа Велес – Скопје.

Сакам длабоко од срце да се заблагодарам на сите кои ми пишаа и кои изразија желба да бидат дел од ова пешачење. Вашата поддршка и вклученост значеше и значи многу, посебно за децата жртви на педофили.

Токму поради последните промени, не беа во можност да се вклучат сите заинтересирани, но наскоро ќе имаме ново пешачење за истата цел, каде може да биде пријавена поголема група.

Верувам дека барем малку успеавме да утешиме дел од жртвите и да ги охрабриме, ако се подготвени, да ја раскажат својата приказна. Да ги охрабриме исто да побараат помош, да се доверат некому и да го поминат животот во љубов и пријателство, а не сами и во изолација. Како што првично пишав, болката од кој било вид не треба да е табу, а ни тишина.

najglasnata-zhrtva-na-pedofil-vo-makedonija-ne-sopira-so-borbata-kiril-angelov-od-veles-so-podvig-za-pozdrav-04.jpeg

Како течеа подготовките? Како потоа течеа деновите? Колку луѓе имаше со тебе?

Токму поради временските услови, како и промената на рутата, сè се случи набрзина и во од.

Од самиот почеток со мене беа Александра Стојаноска, која е еден од админите на книжевната Фејсбук група Книгољупци, како и мои блиски пријатели кои беа дел од пешачењето, но и Билјана и Душко кои нè носеа до точките на почеток и нè зедоа од точките на завршување.

Огромна поддршка добивме и од прекрасната книжарка Светлана Стојанова и целиот тим на издавачката куќа Сакам Книги.

Првиот ден беше со предизвици; нè фати мал дожд, но ништо во споредба со целта и желбата која ја имавме зацртано.

Сакавме симболично да го одбележиме ова патешествие, па затоа вториот ден, на пола пат од планираните километри запаливме свеќи во сеќавање и крепост за сите жртви на сексуално злоставување (впрочем и не беше без причина што одбравме пешачењето да биде во текот на Великиот пост).

Третиот ден беше и впрочем најтешкиот поради долгата километража и отворениот пат. Деновите после тоа веќе беа полесни.

najglasnata-zhrtva-na-pedofil-vo-makedonija-ne-sopira-so-borbata-kiril-angelov-od-veles-so-podvig-za-pozdrav-03.jpeg

Спомена погоре дека целта е за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца. Што впрочем се трудите да постигнете?

Тоа е добро прашање поради тоа што кај нас скоро и да нема модели за помош на деца жртви на сексуално злоставување. А оние кои ги има се скоро и нефункционални.

Првичната цел е да им кажеме и покажеме на овие жртви дека не се сами, дека ние сме тука со нив, дека верувам сите се тука за нив. Сакаме воедно и да ги охрабриме да побараат помош, да се доверат некому за да се олесни тој товар, и ако се подготвени, да ја раскажат својата приказна.

Јас како некој кој бил злоставуван од педофил, никогаш не верував дека споделувањето на мојата приказна може да ми помогне.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...

Најчитани неделава