Виктор Настески, работи 25 години на брод: „Децата и сопругата дојдоа да ме видат - тежок е животот меѓу брановите и семејството“
Авантурата започна во Сантандер, од каде отпловивме на отворено море, поминувајќи цел ден во бескрајното синило.
Потоа следуваа два прекрасни дена во магичниот Лисабон, па посета на живописниот Порто, за на крајот со многу емоции да ги испратам дома од пристаништето во Виго.


Годинава имаше велигденска магија во кујната за Леонид, и ова беше за првпат.
Иако како мал пловел многупати, тој не се сеќава на тие денови, но сега со ширум отворени очи сакаше да види сè.
Некогаш
Сега
Најмногу ме радуваше неговата желба да влезе во мојот свет – во кујната.
Заедно месевме велигденска погача и подготвувавме велигденски јајца за вработените и за нашиот семеен ручек.


Беше тоа повеќе од дружба во кујната, беше лекција за тоа колку труд и жртва се вложува за да се поддржи семејството.
Сакав да види каде тато ја троши својата енергија и време, за да научи да ги цени животните вредности.


Малата Матеа, иако сè уште не е свесна за големината на бродот, знаеше само едно... дека оди кај тато.

