Дарко од Скопје за трансформацијата од -60kg: „Имав 220kg, цел ми е да видам двоцифрена бројка на вагата“

„Немав сериозни здравствени проблеми како шеќер, притисок или срцеви заболувања, но имав болки во колената. Првите месеци беа особено тешки, додека организмот да се навикне на новиот начин на исхрана, а еден од најголемите предизвици ми беше да се откажам од газираните пијалаци“, вели за својата неверојатна трансформација Дарко Трпески за CRNOBELO.com.

darko-od-skopje-za-transformacijata-od-60kg-imav-220kg-cel-mi-e-da-vidam-dvocifrena-brojka-na-vagata-01.jpg

Дарко Трпески (31) од скопско Јурумлери, по професија е готвач.

Неодамна на Инстаграм тој се пофали со својата огромна трансформација, кога за година и половина успеал од 220kg да се „симне“ на 163kg.

Вели, донел цврста одлука да го смени својот изглед, начинот на исхрана, животните навики и со силна волја успеал во тоа.

darko-od-skopje-za-transformacijata-od-60kg-imav-220kg-cel-mi-e-da-vidam-dvocifrena-brojka-na-vagata-02.jpeg

За CRNOBELO.com, Дарко ја раскажа својата приказна за слабеењето:

„Одлуката да почнам со слабеење ја донесов пред точно една година и седум месеци.

И претходно сум се обидувал неколкупати да намалам тежина, но секогаш ја губев мотивацијата и повторно се враќав на старите навики во исхраната.

darko-od-skopje-za-transformacijata-od-60kg-imav-220kg-cel-mi-e-da-vidam-dvocifrena-brojka-na-vagata-012.jpeg

Голема улога во мојата одлука имаше еден близок другар, Никче, кој постојано ме поттикнуваше да започнам.

Иако на почетокот не го сфаќав сериозно, една вечер, после едно дружење, сфатив дека неговите зборови се со добра намера.

Тогаш му напишав дека од следниот ден започнувам со диета.

Во истиот момент стапив во контакт со Ана Стојанова, која ми изготви персонализиран план за исхрана, согласно моите потреби.

Од тогаш до денес доследно се придржувам до тој режим.

darko-od-skopje-za-transformacijata-od-60kg-imav-220kg-cel-mi-e-da-vidam-dvocifrena-brojka-na-vagata-03.jpeg

Првите три до четири месеци беа особено тешки, додека организмот се навикне на новиот начин на исхрана.

Имав моменти кога сакав да се откажам, но токму поддршката од Никче, кој редовно ме контактираше и ме мотивираше, беше клучна да продолжам.

Огромна поддршка добивав и од мојата сопруга и моето синче.

Еден од најголемите предизвици ми беше да се откажам од газираните пијалаци, особено Coca Cola, која претходно ја конзумирав во количини од 3 до 4 литри дневно.

darko-od-skopje-za-transformacijata-od-60kg-imav-220kg-cel-mi-e-da-vidam-dvocifrena-brojka-na-vagata-04.jpeg

Немав сериозни здравствени проблеми како шеќер, притисок или срцеви заболувања, но имав болки во колената при движење и клекнување.

Денес, со намалени околу 60 килограми, се чувствувам многу поагилен, се движам полесно, не се заморувам брзо и болките во колената се значително намалени.

Со Божја помош продолжувам понатаму, со цел да ја достигнам посакуваната тежина од 99 килограми и конечно да видам двоцифрен број на вагата“.

darko-od-skopje-za-transformacijata-od-60kg-imav-220kg-cel-mi-e-da-vidam-dvocifrena-brojka-na-vagata-05.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Мила одгледува шумски јагоди: „Се вљубив во вкусот, си зедов коренче и засадив во саксија на тераса ... Од прошетка во Берово каде се вљубила во нивниот вкус, преку садење коренче во с...
Кристијан и неговиот тим ја направија најобемната македонска игра – Скопје 83: „Почнавме во 2019-та,... „Скопје во нашата игра не е идентично секако, но е длабоко инспирирано од вистин...

Најчитани неделава