Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава градината на мајка ми“

Мојот план во Неапол беше да купам нови и елегантни чевли. Одејќи кон продавница, наидовме на продавница на Дизни и таму видов дека Клаудија е поголем фан на Дизни од мене, нешто што не верував дека е можно да се најде, особено не на бродот каде што работев.

Откако ги купив чевлите, се упативме назад кон бродот бидејќи нејзината пауза завршуваше, и таа се сети дека не сме пробале џелато.

Ја уверив дека не се грижи, дека следниот ден во Ливорно ќе ја однесам да проба.

ljubovnata-prikazna-na-toni-od-makedonija-i-klaudija-od-meksiko-se-zapoznavme-na-brod-ja-obozhava-gradinata-na-majka-mi-16.jpg

Во Ливорно , првото што го направивме беше одење по сладолед.

Потоа прошетавме по Via Grande и седнавме на скали близу марината, каде што се закотвуваат чамци и мали јахти.

Клаудија ми раскажуваше за папагалите на нејзината баба и додека се смеевме си помислив: Дали ова е личноста со која ќе го поминам остатокот од животот?

ljubovnata-prikazna-na-toni-od-makedonija-i-klaudija-od-meksiko-se-zapoznavme-na-brod-ja-obozhava-gradinata-na-majka-mi-02.jpg

Неколку дена подоцна, во Малага, видовме дека сме биле на истите места, но во различно време, па се договоривме дека во следното пристаниште, во Кадиз, ќе излеземе заедно.

Бевме во музејот на Кадиз, каде што сè е на шпански, и таа ми преведуваше бидејќи тогаш воопшто не зборував шпански.

Музејот е голем и поделен по сегменти и таму се случија најинтересните дискусии, особено пред едно дело на Жоан Миро

ljubovnata-prikazna-na-toni-od-makedonija-i-klaudija-od-meksiko-se-zapoznavme-na-brod-ja-obozhava-gradinata-na-majka-mi-18_copy.jpg

Кога излеговме од музејот, седнавме на клупа да одмориме од долгата прошетка, и таму се случи нашиот прв бакнеж.

Вечерта за првпат влегов во нејзината кабина и таму останав до крајот на договорот.

ljubovnata-prikazna-na-toni-od-makedonija-i-klaudija-od-meksiko-se-zapoznavme-na-brod-ja-obozhava-gradinata-na-majka-mi-10.jpg

Како што тоа беше практично нејзиниот прв договор и додека одлучувавме каква ќе биде нашата врска, ѝ реков дека љубовта на брод не трае долго, дека е само до крајот на договорот, и дека потоа можеби никогаш повеќе нема да се видиме, бидејќи работевме за компании што ги ротираат вработените од брод на брод во секој договор.

Тоа беше малку тежок момент, но и двајцата многу добро го разбравме. Сепак, ако нешто е запишано, тогаш ќе се случи.

ljubovnata-prikazna-na-toni-od-makedonija-i-klaudija-od-meksiko-se-zapoznavme-na-brod-ja-obozhava-gradinata-na-majka-mi-15.jpg

Додека бев на одмор, мојот нов шеф ми напиша дека треба да се вратам на истиот брод. Тогаш се појави прашањето: да ѝ кажам на докторката или да го оставам како изненадување?

Му реков дека со нашата компанија ништо не е сигурно додека не стигне авионскиот билет.

Во меѓувреме, тој воопшто не ме спомнуваше, а на луѓето со пристап до листата на вработени им кажа да не ѝ кажуваат ништо на Клаудија.

Од моја страна, и на неа и на рецепционерот Христијан од Кратово им велев дека ќе се качам на друг брод во Флорида истиот ден.

ljubovnata-prikazna-na-toni-od-makedonija-i-klaudija-od-meksiko-se-zapoznavme-na-brod-ja-obozhava-gradinata-na-majka-mi-04.jpg

И дојде денот повторно да се качам на бродот. Сакав веднаш да одам во нејзината кабина, но девојките од HR ми рекоа дека морам да присуствувам на задолжителни обуки.

Кога видов дека нема да можам да ја видам до вечера, ја повикав телефонски од училницата. Како и секогаш, ѝ реков: „Help, I need a doctor”.

Кога се видовме подоцна, ми раскажа дека токму тогаш завршила со шминкање и си повторувала: „Смири се, смири се, не плачи за да не се размачка шминката“.

ljubovnata-prikazna-na-toni-od-makedonija-i-klaudija-od-meksiko-se-zapoznavme-na-brod-ja-obozhava-gradinata-na-majka-mi-06.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Љубовната приказна на Кристина од Танзанија и Мето од Скопје: „Ме запроси во Занзибар, добивме ќерка... „Веселбата за свршувачката беше во дворот на мојата куќа во Дар ес Салам со моет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg