Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава градината на мајка ми“
По еден месец, додека бродот беше во Мексико, ги запознав нејзините родители и нејзината сестра.
Тие се учители во основно училиште, па го искористија пролетниот распуст за да отпатуваат во туристичкиот дел на Мексико (Costa Maya и Cozumel).
Нејзиниот татко праша дали зборувам шпански, а таа одговори дека зборуваме на англиски, што ѝ помагало многу да вежба како да зборува со гостите на бродот. Тоа многу му се допадна.

За жал, два месеци подоцна ја изгубив работата во галеријата и морав да го напуштам бродот.
Знаев дека тоа е одлучувачки момент за нашата врска, но останавме во постојана комуникација преку WhatsApp.
Нашата следна средба беше кога таа беше на бродот Oceania Riviera на пат кон Јапонија, со три застанувања во Истанбул.
До две од нив патував со автобус меѓу 12 и 14 часа само за да ја видам.
Кога ѝ раскажав како стигнав да ја видам, ми рече веднаш да ја однесам во Македонија. Ѝ одговорив дека нејзиниот брод оди кон Јапонија и дека ми е сон да ја посетам таа земја, па треба да оди.

Додека бевме заедно на бродот, ми велеше дека нејзиниот сон е да има мала куќа покрај океанот, со градина каде што ќе одгледува зеленчук и ќе чува кокошки.
Кога конечно дојде во Македонија во 2024 и ја виде градината на мајка ми, веднаш ѝ се јави на својата мајка да ѝ каже дека мојата мајка го живее нејзиниот сон.
Сепак, најмногу ѝ се допадна климата. Тој мај, температурата се движеше од 10 степени ноќе до малку повеќе од 20 преку ден, додека во Мексико варираше помеѓу 25 ноќе и 40 преку ден.

Нејзиното доаѓање во Македонија беше вистински настан. Роднини и пријатели се јавуваа да прашаат дали е вистина дека сум донел сопруга.
Моите родители прашуваа кога ќе биде свадбата и сите беа многу возбудени… Јас ги замолив да се смират, за да не ја исплашат, или сакаат да избега назад во Мексико?
Тој ноември почнав да работам во Viking, а Клаудија патуваше 18 часа со автобус до Cozumel за да се видиме и да испланираме следниот одмор да го поминам со неа во Veracruz.
Ми кажа дека нејзината сестра ќе се мажи во август, но мојот одмор беше во јуни-јули, па ѝ предложив да се венчаме порано како изненадување, да потпишеме во матично пред неа и нејзиниот сопруг.
Таа рече дека сум луд, но со голема насмевка, и почнавме да правиме планови.

За жал, компанијата ми го продолжи договорот и немав време да подготвам документи пред да отпатувам во Мексико.
Сепак, си поминав многу убаво, иако климата не помогна. За тој месец би можел да напишам цела статија, иако неколку планови не се реализираа бидејќи врнеше премногу.
Мексико е голема земја и има многу што да се види и направи, но морав да се вратам на работа.
Конечно, кога таа повторно дојде во Македонија на крајот од февруари, веднаш отидовме да завршиме административни работи бидејќи имавме ограничено време.
Во матичното нè прашаа дали 8 март е добра дата, и Клаудија рече да, бидејќи ќе има двојно значење за неа.

Сега се појави друг проблем, како да организираме шминка, фризура, место за прослава и слично за неколку дена.
Единственото што го имавме подготвено беше фустанот што Клаудија го донесе од Мексико и моите чевли, тие што ги купив кога излеговме на пица во Неапол.
За среќа, еден локал во Марино имаше место во зоната за непушачи, што ни се допадна уште повеќе бидејќи никој од нашите гости не пуши.
Додека нејзината сестра имаше свадба со 500 гости, а една од моите сестри „мала“ со 250, ние направивме микро свадба со само 20 луѓе.
Родителите на Клаудија не можеа да присуствуваат бидејќи цената на летовите многу се зголеми, па решија да направат прослава во наша чест кога ќе одам во ноември.
Единствената забелешка беше од нејзината мајка, која инсистираше на религиозна церемонија, иако и двајцата сме агностици.

Нашиот мини меден месец беше во Белград, во Скадарлија. Еден од највпечатливите моменти беше кога го најдовме мексиканскиот ресторан La Chona, на пат кон зоолошката градина во Белград.
Сопственичката е Мексиканка, која го запознала својот сопруг онлајн и дошла да живее во Србија.
Како што можете да видите, нас нè прават среќни малите, но значајни работи.
Засега, јас ќе продолжам да работам на бродови, а Клаудија има неколку идеи: дали да отвори своја клиника за естетска медицина, дали да се врати на брод и во која улога… покрај неколку лични проекти, но што и да избере да прави во животот, ќе ја поддржам целосно во сè.
Ќе ги живееме полека авантурите што животот ќе ни ги донесе.
Најтешката одлука ќе биде каде да живееме кога ќе престанам да работам на брод, бидејќи мене ми се допаѓа климата во Мексико, а неа климата во Македонија“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
