Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ - плачевме“

„Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот месец. Забележавме појава на повремено отсуство на внимание, непостојан контакт во очи, поголема раздразливост“, ја започнува својата емотивна приказна Боро Мирчески, кој по многу труд и мака, сега слави што неговото синче е прваче со децата од својата генерација и зборува јавно за првпат за екранизмот.

boro-mircheski-sin-mi-do-3-i-pol-godini-ne-kazha-nitu-eden-zbor-po-3-godini-borba-stana-prvache-01.jpg

Боро и Јована Мирчески од Скопје се горди родители на две деца, синовите Петар (7) и Марко (5). 

Марко е дете родено во 2020 година по што се појави масовната изолација на населението поради корона вирусот, а од приватни службени причини извесен период семејството престојувало надвор од Македонија.

Таму се појавило доцнење со развојот на говорот, како последица од екранизам.

boro-mircheski-sin-mi-do-3-i-pol-godini-ne-kazha-nitu-eden-zbor-po-3-godini-borba-stana-prvache-09.jpg

Боро вели:

„Во ситуација на изолација, преселување во непознат град и немање секојдневен контакт со македонскиот јазик, помалиот син го изложувавме пред екрани, претежно пуштајќи му македонски цртани филмови, за да се одржува врската со татковината и мајчиниот јазик, што на крај резултираше со контра ефект.

Дополнителен проблем за кој подоцна воочивме дека е проблем е и фактот што Марко почна да посетува градинка на странски јазик.

Па, така, дома говоревме на македонски јазик, неретко се гледаше телевизиска содржина и на англиски јазик, а во градинка се говореше на германски јазик.

За жал, со желба за побрза интеграција во новата средина на детето и потребата од негувањето на македонскиот јазик, но и преовладувањето на детски содржини во етерот на англиски јазик, кај детето, наместо секојдневни лекции и подобрување на неговиот развој, се доведовме до уназадување и целосна јазична блокада“.

За среќа, по многу вложен труд и работа, Марко денес е прваче заедно со децата од својата генерација, а Боро го споделува своето искуство како совет за другите родители кои можеби се соочуваат со слични ситуации.

boro-mircheski-sin-mi-do-3-i-pol-godini-ne-kazha-nitu-eden-zbor-po-3-godini-borba-stana-prvache-02.jpg

Боро за CRNOBELO.com споделува детали за процесот:

Кога првпат почувствувавте дека развојот на говорот не оди вообичаено? Каков беше Марко како бебе?

Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања, согласно очекувањата за развојот на таа возраст, беа околу 18-иот месец.

Забележавме појава на повремено отсуство на внимание, непостојан контакт во очи, поголема раздразливост и плачливост.

Првата помисла е дека „такво е детето“, малку сме го разгалиле, сме имале мал праг на толеранција, па сме дозволиле повеќе работи од потребното и слично.

Марко никогаш не реагирал премногу тензично на забрани, но знаел да нè „купи“ со шармот и да му се дозволуваат дејствија кои на нашето прво дете, Петар, не му биле дозволувани.

Сепак, она што нè тешеше постојано дека еден ден сè може да биде како што треба е неговата способност и соодветен развој на невербалната комуникација.

boro-mircheski-sin-mi-do-3-i-pol-godini-ne-kazha-nitu-eden-zbor-po-3-godini-borba-stana-prvache-11.jpg

Како изгледаше секојдневието кога детето имаше 3–3 ипол години и сè уште не зборуваше?

Со оглед дека живеевме надвор од Македонија, сите обиди да најдеме логопед/ дефектолог или специјален едукатор на мајчин јазик во странство завршија безуспешно.

Започнавме да работиме онлајн, на далечина со стручно лице од Македонија, но и тој метод се покажа тежок за имплементација и без резултати.

Потоа, секој слободен момент, заедно со сопругата го користевме за патување дома и спроведување на сите можни здравствени испитувања и проценки на менталното здравје, за да бидеме сигурни дека за задоцнетиот развој на Марко нема медицински индикации.

boro-mircheski-sin-mi-do-3-i-pol-godini-ne-kazha-nitu-eden-zbor-po-3-godini-borba-stana-prvache-03.jpg

Кој беше најтешкиот момент за вас како родител? Имавте ли чувство на вина или страв? Што најмногу ве плашеше во тој период?

Во текот на осознавањето, ве обзема чувство на постојан страв, нетрпение и енормно голема желба да го слушнете првиот збор на своето дете.

Постојано се прашувавме каде погрешивме, дали сè што дотогаш сме направиле како родители било исправно или придонело за состојбата на Марко.

Но, она што најмногу нè фрустрираше во целата ситуација беше фактот што сите резултати од испитувањата беа во ред, односно детето немаше никаква медицинска состојба за која се бара соодветно лекување.

И тука настанува вистинската бура на емоции и збунетост.

Прво те обзема чувство на вина. Следната фаза од процесот е фазата на прифаќање.

Тогаш сфативме дека колку порано ја прифатиме реалноста и почнеме со рана интервенција за стимулација на развојот, толку подобро може да се развива Марко.

Третата и последна фаза е „пловењето низ бурата“ и постојаната надеж дека решението е на прагот.

Како реагираше околината – фамилијата и пријателите?

Се соочивме и со ситуации кога бевме критикувани од околината за нашите родителски способности, но во голема мера наидовме на неизмерна поддршка од семејството и пријателите, за што сме им неизмерно благодарни.

boro-mircheski-sin-mi-do-3-i-pol-godini-ne-kazha-nitu-eden-zbor-po-3-godini-borba-stana-prvache-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Коса е маж со специфичен и колоритен моден стил: „Шапките ми се заштитен знак, имам над 80“ „Мојот стил е слоевит - буквално и симболично. Сакам да играм со текстури, матер...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg