Астро ќоше со Теа Трајковска: „Проверувам љубовна компатибилност дури и со потенцијални дечковци“

„Од мојот знак најмногу го сакам позитивниот дух на Близнакот, кој секогаш ја гледа светлата страна на животот. Тоа многу ми помогнало да поминам низ некои тешки ситуации. А карактеристика што не ја сакам е што брзо ми здосадуваат работи и постојано имам потреба сè да ми биде динамично и интересно“, вели Теа Трајковска за нашата рубрика „Астро ќоше“.

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-01.jpg

Пејачката Теа Трајковска во хороскоп е Близнаци, но смета дека подзнакот доминира во нејзиниот карактер, пред сè слободарсклиот дух кој го поседува.

Пријателите не ги бира според хороскопот, па ни партнерите, но сепак проверува компатибилност со некој што ќе ѝ се допадне.

За CRNOBELO.com откри и дека направила натална карта, ама и дека често консултира своја блиска пријателка, која е астролог, околу транзициите на нејзиниот знак и различните аспекти што ги носи поставеноста на планетите.

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-10.jpg

Што друго ни откри Теа, прочитајте во разговорот: 

Кој е твојот хороскопски знак? И дали си типичен претставник на знакот?

Во хороскоп сум Близнаци и за некои работи (иако малку на број) сум типичен претставник на знакот, а за други и не толку, бидејќи освен Сонцето во Близнак, сите важни планети ми се во други знаци.

Кој ти е подзнакот? И колку тој ти влијае?

Во подзнак сум Водолија и Водолијата премногу ми влијае, бидејќи имам и Месечина во Водолија.

Тој слободарски дух е нешто што многу го негувам и мислам дека доминира во мојот карактер.

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-02.jpg

Дали воопшто веруваш во хороскоп, го гледаш како забава или си алергична на хороскоп?

Да, верувам во астрологија премногу.

Го гледам и како забава, но мислам дека има многу вистина во работите што знае да ти ги каже навистина добар астролог.

Преку мојата натална карта многу подобро се запознав себеси.

Кои карактеристики од твојот знак ги обожаваш, а кои ги мразиш?

Од мојот знак најмногу го сакам позитивниот дух на Близнакот, кој секогаш ја гледа светлата страна на животот.

Тоа многу ми помогнало да поминам низ некои тешки ситуации.

А карактеристика што не ја сакам е тоа што брзо ми здосадуваат работи и постојано имам потреба сè да ми биде динамично и интересно.

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Едо Мобeликс и Далила од Скопје: „Oд Фејсбук контакт до свадба со 400 гости“ „Нашата приказна започна во 2013, но, животот нè однесе на различни страни. Пото...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Сара Мејс ќе одржи новогодишни концерти во 4 градови: „Сакаме да внесеме магија и уникатно искуство ... „Без Илина и Кирил не почнуваме во Филхармонија, ха, ха. Илина веќе го знае цел ...
Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава