Астро ќоше со Теа Трајковска: „Проверувам љубовна компатибилност дури и со потенцијални дечковци“

Дали некогаш си донела одлука според хороскоп и каква?

Не сум донела конкретна одлука според хороскоп, но често ги следам транзитите што ми се случуваат и според тоа внимавам на одредени работи во одреден период или знам кога е добар период за нешто, па се фокусирам на тоа.

Дали проверуваш љубовна компатибилност според хороскопски знак? Со кој знак најмногу си одговараш?

Проверувам љубовна компатибилност дури и со потенцијални љубовни интереси (хе, хе).

Искрено, многу верувам во тоа.

Но, не е само до хороскопскиот знак, туку до целата натална карта.

Најмногу си одговарам со Лавови и, можеби, Ракови.

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-03.jpg

Дали некогаш си престанала контакт со некого затоа што му бил „погрешен“ хороскопскиот знак?

Не сум престанала контакт со никого поради хороскопски знак, дефинитивно.

Но, сум внимавала на одредени работи што знам дека можат да се случат според моето астролошко познавање.

А кој знак мислиш дека најмногу ти одговара како пријател?

Мислам дека за пријатели најмногу ми одговараат сите воздушни знаци, па и сите огнени знаци.

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-05.jpg

Ако можеше да си избереш друг хороскопски знак, кој би била?

Не знам дали би избрала друг хороскопски знак.

Си ја сакам наталната карта и сум ги прифатила дури и потешките аспекти.

Си направила ли некогаш натална карта?

Да, имам направено натална карта.

Имам многу блиска пријателка која е најдобар астролог кај нас, Марина Говорко, и до ден-денес ја консултирам за сите поважни работи во животот.

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-04.jpg

Хороскоп секој ден или никогаш? Читаш ли дневен или само општи карактеристики?

Дневен хороскоп не читам, бидејќи мислам дека тоа е тотален мит.

Исто така, ни општите карактеристики не се нешто премногу конкретно и вистинито, затоа што мора да се земе во предвид целата натална карта.

Во твојот живот хороскопот е виновен за...

Во мојот живот хороскопот е виновен за тоа што имам проблем со трпението, а тоа ми е поставено како животна лекција поради начинот на кој ми е поставен Сатурн.

Искрено, и Близнаците имаат проблем со трпение, па мој слоган би бил: „Трпение - спасение.“

astro-kjoshe-so-tea-trajkovska-proveruvam-ljubovna-kompatibilnost-duri-i-so-potencijalni-dechkovci-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Едо Мобeликс и Далила од Скопје: „Oд Фејсбук контакт до свадба со 400 гости“ „Нашата приказна започна во 2013, но, животот нè однесе на различни страни. Пото...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Сара Мејс ќе одржи новогодишни концерти во 4 градови: „Сакаме да внесеме магија и уникатно искуство ... „Без Илина и Кирил не почнуваме во Филхармонија, ха, ха. Илина веќе го знае цел ...
Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава