Кирил Ангелов, од жртва на педофил до успешен автор: „Сакам да помогнам барем на едно дете или личност, злоупотребена во детството“

„Ако сте биле жртва на педофил, најважно е да си ги признаете сите тие болки и да прифатите дека не сте биле виновни за ништо. Жално е кога жртвата се обвинува, а тешко е кога и окружувањето ја обвинува. И ако сте подготвени, зборувајте и работете на себеси. Не сте сами. Никој не е сам“, испраќа искрен апел Кирил Ангелов, кој е роден во Велес, а живее во Скопје и го пишува вториот дел од исповедта за хоророт кој го доживеал.

kiril-angelov-od-zhrtva-na-pedofil-do-uspeshen-avtor-sakam-da-pomognam-barem-na-edno-dete-ili-lichnost-zloupotrebena-kako-dete-01.jpg

Кирил Ангелов, роден во Велес, а живее во Скопје од 2008 година, е писател на три дела и тоа: „Безсловен“ (автобиографија) и „Исаак“ и „Касиа“ (прв и втор дел од планирана трилогија).

Кирил работи како истражувач, има дипломирано Дипломатија и меѓународни односи во Грција и е магистер по европска културологија, но и инспиративна личност која воодушевува со храброста и решителноста да говори за сериозни теми и постојано да подигнува свест преку низа подвизи, проекти и статии.

Во неговото прво дело „Безсловен“ Кирил говори за сексуалното и менталното злоупотребување доживеано во детството и младоста, борбата со ракот, инфарктот предизвикан од хемотерапијата и преживувањето на низата трауми.

На 17 мај 2022 година тој за првпат проговори за своите тајни и борби преку интервју за CRNOBELO.com.

kiril-angelov-od-zhrtva-na-pedofil-do-uspeshen-avtor-sakam-da-pomognam-barem-na-edno-dete-ili-lichnost-zloupotrebena-kako-dete-10.jpg

Со отворена душа ни раскажа за злоупотребата од страна на педофил, како и за низа останати животни предизвици. Дури потоа, во 2024 година следеше издавањето на „Безсловен“.

Оваа година Кирил, заедно со неколку негови пријатели, испешачи 111 километри за подигнување на свеста за сексуалното злоупотребување на деца во Македонија. Ни раскажа дека целта на пешачењето беше да се слушне гласот на жртвите и хероите, а воедно и да ги уверат сите жртви дека не се сами и да ги охрабрат да побараат помош, да се доверат некому за да се олесни тој товар, и ако се подготвени, да ја раскажат својата приказна.

kiril-angelov-od-zhrtva-na-pedofil-do-uspeshen-avtor-sakam-da-pomognam-barem-na-edno-dete-ili-lichnost-zloupotrebena-kako-dete-11.jpg

Сега за CRNOBELO.com Кирил ни раскажува за идните планови и проекти за подигнување на свеста за сексуалното злоупотребување на деца како и продолжението на Безсловен.

Можеш ли да ни објасниш зошто е потребно продолжение на Безсловен? Дали не беше кажано сѐ?

Бројот три некако ме следи низ мојот живот тивко и нечујно. Отсекогаш сум бил фасциниран од него и значењето кое го носи со себе.

Можеби и потсвесно приказните и исповедите ги поделив да можат да бидат раскажани во три дела. Не можев да откријам сѐ во едно дело. За жал, не можеше сѐ да биде кажано во 300 страници.

Мојата цел останува иста. А тоа е желбата моите дела (посебно автобиографските) да можат / ако можат да помогнат на некое дете (или личност која била злоупотребена како дете или поминува низ истите болки, трауми, несигурности), да си го признае тоа, да го воочи како нешто негативно и да почне да работи на своите трауми.

Кога бев дете и кога поминував низ најтешките години и јас посакував да можам да имам пристап на вакви дела за да можам да се утешам, барем малку. Да имав показател и патоказ.

Траумите имаат свои отпечатоци, свои остатоци кои се рефлектираат низ целиот живот, а ни ти самиот не знаеш од каде се и зошто се. Затоа потребно е да се пишува. Потребно да се помага.

Потребно е продолжение бидејќи да, не беше кажано сѐ. А самото исцелување од траумите не е линеарно; но е нелогичен танц помеѓу тоа да се искршиш и одново да се составиш, и тоа многу пати и одново и одново.

Постојат нешта кои јас не сакав тогаш да си ги признаам себеси, нешта на кои не бев подготвен да работам, нешта кои ми беше страв да ги погледнам во очи, а последователно на тоа и да се излечам од нив. А тие нешта се оние најтешките.

kiril-angelov-od-zhrtva-na-pedofil-do-uspeshen-avtor-sakam-da-pomognam-barem-na-edno-dete-ili-lichnost-zloupotrebena-kako-dete-03.jpg

На што мислиш најтешки? Дали сите тие ќе бидат дел од продолжението? И што поточно би било опфатено во вториот дел?

Ако „Безсловен“ беше дело кое ги раскажуваше физичките борби и предизвици на моето тело, како што беа физичкото злоупотребување од негувателките во градинка, од моите баба и дедо, од таткото алкохоличар, па сексуалното злоупотребување од сеништето, врсничкото насилство, ракот и инфарктот од хемотерапијата, тогаш продолжението е за оние поболни борби и предизвици: душевните и менталните.

kiril-angelov-od-zhrtva-na-pedofil-do-uspeshen-avtor-sakam-da-pomognam-barem-na-edno-dete-ili-lichnost-zloupotrebena-kako-dete-06.jpg

Се поставуваат прашањата што се случува кога човек ќе се ослободи, односно ќе си ги признае болките кои му биле нанесени? Како да им се пристапи на траумите? Дали навистина може да се излечи или борбата само продолжува?

Тука настапува депресијата, анксиозноста, самосаботажата, темните мисли кои те туркаат надоле и прават да веруваш дека единствениот излез е да посегнеш по сопствениот живот: а тоа е многу страшно, непознато, ладно, темно.

И тоа сѐ поради тагата за изгубената односно одземената младост и шансата за еден друг, помирен или поинаков живот. Тука се и изгубените можности и сите негативни последици и болести од хемотерапијата.

Во вториот дел ќе бидат раскажани и дополнителните физички борби, предизвици и тајни кои не бев подготвен да ги напишам претходно. Од кои се срамев.

Дефинитивно многу ми е потешко да го пишувам продолжението, отколку „Безсловен“.

Тоа што ќе се разликува од првиот дел е што во вториот, неколку поглавја се напишани и од мојата 78-годишна мајка. Поглавја во кои ќе се разглобат сите нејзини борби со семејното насилство и борбата да се извлече себеси, а и мене од сѐ.

Таа ќе ги раскаже нејзините вистини и болки како ќерка, сопруга, мајка, жена и за мене, една голема хероина.

kiril-angelov-od-zhrtva-na-pedofil-do-uspeshen-avtor-sakam-da-pomognam-barem-na-edno-dete-ili-lichnost-zloupotrebena-kako-dete-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Инспиративната приказна за Леон (3) од Скопје и неговите дедовци - со едниот спортува, со другиот од... Игрите со дедо се лекции за цел живот, а врската дедо-внук е нераскинлива. Леон ...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg