Антониа Гиговска за новиот албум: „Роберт го замисли целиот проект, круната е за него - Киан ја обожава ‘Папилеј’“
Раскажи ни некоја интересна приказна или анегдота од снимањето на песните или спотовите...
Имаше многу интересни моменти. На снимањето на спотот за „7 дена, 7 ноќи“, среде есенскиот сет, ни дојде полиција и во еден момент мислевме дека воопшто нема да успееме да снимиме.
На снимањето на „Чукај, чукај“, пак, почна силно да врне додека бевме на камионот.
Во еден момент Благица му се сврте на Роберт и му рече: „Ова е бериќет!“ (ха, ха).

„Жена“ е фаворит на публиката преку една година - мислиш ли дека некоја песна „ќе ја симне од тронот“ (и која), да стане новиот фаворит уште на прво слушање?
Искрено, типувам на две песни.
Но, нема да откријам кои се. Ќе почекам да видам како ќе реагира публиката, па потоа ќе зборуваме.

Секогаш сакаш да експериментираш и со песните и со изгледот во спотовите... Што те води додека го осмислуваш секој проект? Мислиш ли дека е потребна храброст за тоа што го правиш, или само визија, следење на светските трендови и добра екипа до/зад тебе?
Пред сѐ, потребна е храброст за сѐ што сакаш да направиш.
Овие проекти се осмислени до најситен детаљ. Целосната режија е дело на Роберт и овој пат круната навистина оди кај него.
Немаше идеја што ја замислил, а да не успееме да ја реализираме.
На пример, за спотот на „Немој да ме палиш“ беше изградена цела соба од нула во студио.
А кога имаш добра екипа покрај себе, сѐ е можно. Мојот тим секогаш е со мене.

Кога ќе го слушне публиката албумот од почеток до крај, која емоција сакаш да им остане по преслушувањето на последната песна?
Верувам дека ќе бидат пријатно изненадени од целиот проект.
Навистина вложивме многу труд во секоја песна и во секој спот - да имаат врвен звук, одлична визуелизација и нешто што ќе ги изненади.
Сакам по првото слушање повторно да посакаат да ја пуштат песната, но и повторно да го погледнат спотот.

Ова е втор албум... Антониа, кога ќе те видиме на концерт (не ги сметам тука настапите што ги имаш често)...
Верувам наскоро... Да почнам ли да планирам? (ха, ха).

Кликнете и погледнете дел од видеата за песните од албумот „Жена“:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело