Александар Белов го собра албумот за Светско: „Ова ми е шести албум, дадов околу 7.500 денари за сликички“

„Во првите 2 кутии со по 50 сликички што ги купив ми се паднаа 3 екстра стикери, а во Србија има колекционери кои даваат многу сликички за нив, па ги сменив нив и така стигнав до оние што ми фалеа на крај, што значи сум имал малку повеќе среќа и од финансиски аспект“, вели Александар Белов за CRNOBELO.com и ни откри на кого типува да ја освои титулата.

aleksandar-belov-go-sobra-albumot-za-svetsko-ova-mi-e-shesti-album-dadov-okolu-7-500-denari-za-slikichki-01.jpg

Во пресрет на Светското првенство во фудбал, познатиот италијански бренд Panini, го претстави својот најголем албум до сега - 960 сликички за 48 репрезентации, кои се поставени на 112 страници.

Овој пат албумот има и неколку специјални, светкави сликички, но и сликичка со логото на Panini, со бројот 00.

aleksandar-belov-go-sobra-albumot-za-svetsko-ova-mi-e-shesti-album-dadov-okolu-7-500-denari-za-slikichki-02.jpg

Според проценките, без ниеден дупликат, за да се собере албумот треба да се одвојат над 150 евра, а поради дупликатите, сумата за да се комплетира целиот албум може да стигне и над 500 евра.

Еден од колекционерите на албуми е Александар Белов, кој го пополни својот шести албум. Пејачот, кој живее во Србија, во разговор за CRNOBELO.com вели дека имал голема среќа, особено од финансиски аспект, затоа што на почетокот му се паднале 3 пакетчиња во кои имало екстра стикери, па нив ги разменил за сите сликички што му фалеле на крај за да го пополни албумот.

aleksandar-belov-go-sobra-albumot-za-svetsko-ova-mi-e-shesti-album-dadov-okolu-7-500-denari-za-slikichki-04.jpg

За својата страст за собирање албуми со сликички, но и како се менуваат луѓето во Крагуевац, каде што живее, тој ни откри низ разговорот:

„Кога излезе албумот за Светско, прво имав дилема дали да го собирам или не, затоа што, некако ми се виде скапо, како инвестиција, од друга страна ни Македонија ни Србија не се на светско.

Ама, тогаш ме фати носталгија, зашто веќе имам 5 албуми, ова би бил шестиот што ќе го собирам, и некако ми беше жал традицијата да ми заврши, со оглед на тоа дека Panini ќе прави албум уште само за следното првенство.

aleksandar-belov-go-sobra-albumot-za-svetsko-ova-mi-e-shesti-album-dadov-okolu-7-500-denari-za-slikichki-13.jpg

И, како излезе албумот, реков ајде да почнам. Порано стрпливо го собирав, „миц по миц“, што се вика, а сега, поради обврски и немање време, си купив две кутии од самиот старт, со по 50 пакетчиња, што во превод значи дека околу 60% го пополнив со тие две кутии, ама имав и многу дупликати.

Тоа ме чинеше околу 15.000 српски динари, односно околу 7.500 денари. Потоа купив уште неколку пакетчиња, ама реално, не потрошив многу пари за сликичките.

aleksandar-belov-go-sobra-albumot-za-svetsko-ova-mi-e-shesti-album-dadov-okolu-7-500-denari-za-slikichki-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар објави нов албум: „Сања не ми пишува текстови, со Калиопи ни оди многу лесно - тоа е некоја ... „На Моша мислам дека му е омилен дуетот со Калиопи, ама па му се свиѓа и ‘Е...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Бомбакис за татковството: „Плачев кога се родија ќерките, менувам пелени, но страв ми е да ја бањам ... „Кога моите родители ќе ми речеа 'Ќе видиш и ти како е кога ќе имаш дете' не вер...

Најчитани неделава