Александар Белов го собра албумот за Светско: „Ова ми е шести албум, дадов околу 7.500 денари за сликички“
Во текот на минатите две првенства, во Крагуевац каде што живеам, беше организирана „мењажа“ пред хотелот „Крагуевац“, каде што во сабота и недела се менуваа со сликички луѓето што собираа албум.
Два викенда по ред бев да се менувам со сликички, а попатно се договарав и со луѓе кои се колекционери на албуми, а кои ги знам и од претходно, кога ќе одам на менување, да не барам сликички само за себе, туку и сликички што им требаат на нив, а и тие да бараат сликички што ми фалат мене, на местата каде што одат да се менуваат.

Тоа функционираше така до моментот додека ми останаа уште 20-30 сликички до крај.
Е, тогаш веќе активирав пошта, зашто не можев да одам по град со автомобил и да ги барам сите, туку поисплатливо ми беше да ги земам преку пошта или курир служба и така го наполнив албумот до крај.

Инаку, во тие две кутии што ги купив на почеток ми се паднаа 3 екстра стикери, а во Србија има луѓе колекционери кои даваат многу сликички за тие екстра стикери, па со нивна размена стигнав до сликичките што ми фалеа, значи, сум имал малку повеќе среќа (и од финансиски аспект).

Бидејќи ни ние ни Србија не учествуваме, на Светско навивам за Босна и Хрватска, како соседи.
Мислам дека годинава Англија ќе биде шампион, иако моменталната ситуација не им оди баш во прилог“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело