Љубовната приказна на Влатко Миладиноски и Кристина: „Се запознавме случајно во Охрид, веднаш знаев дека ќе ми е сопруга“
Колку години сте во брак? Како сега ги одржувате љубовта, страста, почитувањето?
Еве веќе скоро 10 години сме во брак.
Според мене, начинот на живот којшто е наш избор го дава резултатот.
И секако тоа треба да биде заеднички избор за да функционира.
Но јас верувам дека и тоа е Божја работа и дека неслучајно Господ нè спојува едни со други.

Што, според тебе, е важно за успешен брак?
Важно е да се одржува љубовта, страста, почитувањето и би додал, взаемно разбирање.

Колку сте слични карактерно? Кој ѝ е најголем квалитет, а која ѝ е најголема мана на сопругата?
Поприлично спротивни, но во неколку добри особини се поклопуваме и често сме добар тим!

Кој е поизбувлив од двајцата, а кој прв попушта при расправија?
Јас сум поизбувлив, но исто така, јас прв попуштам.
Како изгледа еден ваш совршен ден заедно?
Доста често практикуваме да отпатуваме на еден ден заедно со нашите две ќерки Илина и Андреа - малку опуштена прошетка, дружење. Тоа е за мене совршен ден.

Што е она што никогаш не ѝ го кажуваш на Кристина, а сакаш да го знае?
Практикувам сè да си кажам (иако некогаш знам и уста да не отворам).

Што најмногу цениш кај неа денес, по толку време?
Тоа што остана иста и во оваа доба од животот.
