Актерот Петар Стојанов за татковството: „Емра сакаше да бидам со неа на породувањето, но не се чувствував спремен“
Дали е Лена мамина или татина „маза“? Кој ја разгалува повеќе?
Ха, ха нормално јас ја разгалувам, но знам да поставам и граници кога тоа е неопходно.

Кој е најголемиот гаф што си го направил како татко?
За среќа немало некои поголеми графови.
Кога беше бебе знаев да се потресам на секое поткашлување или кивање, ама со текот на времето се опуштив.

Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на ќерката? Што кај неа најмногу те потсетува на тебе, а што на Емра?
Лена е супер спој од нас двајцата. Ги има земено најубавите работи.
Мислам дека од Емра ги има независноста, снаодливоста и цврстиот карактер, а од мене емотивноста и оној мал дел од темпераментот што ја прави посебна.

А на кого личи повеќе, физички?
Физички 90% е мала Емра.

Кој ѝ го бираше името? Имавте ли и друго во „игра“?
Заедно го избравме името.
Имаше неколку опции во игра, но Лена некако најубаво звучеше и за мене имаше најголемо емотивно значење.
Ја крстивме по мојата баба која многу ја сакав.

Која ти е најубавата работа поврзана со татковството? А што ти е најстресно?
Најубавата работа е што секој ден ме гледаат едни ангелски очи полни со неизмерна љубов.
Тоа чувство не може да се опише со зборови.
А најстресната мисла ми е дека времето лета и дека еден ден ќе порасне.
Знам дека така треба да биде, но секој татко посакува тоа да трае малку подолго.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело