Дејан Ангеловски, претседател на ФКК Козјак: Фотографијата е момент заробен вечно

Деновиве, Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово слави 70 години постоење. Во продолжение следува разговор со Дејан Ангеловски, претседател на клубот.

dejan-angelovski-pretsedatel-na-fkk-kozjak-ljubovta-sprema-fotografija-i-filmot-ne-motivira-da-prodolzime-ponatamu_6.jpg

Клубот е формиран во 1948 година, а од 1966 доаѓа до реорганизирање и дејствување под името Фото-кино клуб „Козјак“ - Куманово, децении и децении наназад сведоци сме за многу успешни проекти и издигнување на уметноста на едно повисоко ниво. Деновиве, вашиот клуб слави 70 години постоење, па за таа пригода би ве прашал за историјатот на клубот, за оние успешни моменти кои ги мотивирале членовите да продолжат со својата замисла и цел?

Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово имал многу светли моменти, но и многу трагични моменти. За вториве сé уште не сум спремен да говорам. Јас правам 10 години оваа година како активен член. 6 години како секретар на клубот и 4 години како претседател.

Маката и инаетот е најголемиот двигател кај нас. Секако на прво место доаѓа љубовта кон фотографијата и филмот, односно уметноста. Најголемата мотивација е кога ќе отворите една изложба пред многубројна публика или ќе прикажете филм во кино салата и кога ќе видите насмевки и задоволство кај луѓето кои одвоиле парче од своето време да дојдат и да ја видат нашата порака која ја пренесуваме преку филмот и фотографијата.

Тоа е магија, магичен момент за кој вреди да се живее многу долго, многу малку луѓе можат да нé разберат, но ние и понатаму го правиме тоа повторно и повторно, не е лесно. Направивме многу за Куманово, за Македонија. Имаме пријатели буквално насекаде кои не почитуваат, тоа е доволно. Тоа го наследивме од постарите генерации.

За жал повеќето не се со нас, но сигурен сум дека се горди на нас. Оваа тема е широка и неисцрпна.

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 5

Знаеме дека едно уметничко дело може да биде напишано, насликано, извајано, отсвирено, но вашиот Клуб се залага за уметничко дело кое е заробено во еден единствен момент преку фото-апарат, како вие како претседател на Фото-лино клуб „Козјак“ – Куманово ја разбирате фотографијата и што таа претставува за вас?

Фотографијата е момент заробен вечно. ТОЧКА. КРАЈ. Понатаму е филозофија, математика, физика, хемија и сé останато.

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 7
(„Форум“ - Дејан Краљевски)

По повод јубилејните 70 години од постоење на ФКК Козјак, што сé ќе може да види публиката и какви настани ќе бидат организирани од ваша страна?

Фото-кино клуб „Козјак“ - Куманово, во чест на 70 години од основањето во 1948 година, организира низа од случувања. Почнувајќи од 29.05.2018 (вторник) до 01.06.2018 (петок) ќе може да бидат посетени четири настани.

Најпрво, во вторник (29 мај) во „Кашмир рокенрол бар“ во локалитет „Гарнизон“ во 20:00 часот ќе има целовечерна проекција на фотографии од членови на Фото-кино клубот “Козјак“ заедно со фотографии од членовите на пријателските клубови од целиот Балкан.

Утредента, среда (30 мај) со почеток во 19:30 часот, во свечената сала на Занатски дом – Куманово ќе биде одржана почест за драгиот и прерано заминат член на клубот – Лазар Ѓорѓевиќ, филмски работник. Во склоп на вечерта ќе бидат прикажани филмови кои ги има снимено како режисер и филмаџија.

Четврток (31 мај) е денот кога ќе биде отворен „Мајски салон 2018“, изложба на фотографии создадени од членовите на Фото-кино клуб „Козјак“. На салонот ќе може да се видат дела изработени од основањето на клубот до денес. Чинот на отворањето ќе биде во НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово во 20:00 часот.

Последен настан од низата ќе биде во петок (1 јуни) со кино-проекција на филмот „Копање“, режиран од Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Прикажувањето ќе биде во МКЦ „Козјак“ - Куманово со закажан почеток во 20:00 часот.

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 9
(„Хипик“ - Глигор Масимовски)

И годинава, на 31 мај во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната изложба под наслов „Мајски салон 2018“, каков вид на фотографии ќе бидат изложени и дали има посебна тематска определба?

Оваа година на традиционалната изложба под наслов „Мајски салон 2018“ ќе бидат изложени фотографии на активните членови на ФКК Козјак, на новите членови кои оваа година успешно ја завршија фото школата во организација на клубот и најинтересниот дел ќе бидат изложени 50-тина фотографии на членови на ФКК Козјак кои твореле од 1950-1998 година како еден вид ретроспективна изложба.

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 10
(„Акт“ - Милош Нешковски)

Живееме во време на социјални медиуми, па колкава е заинтересираноста на помладата генерација да се зачленат во ФКК Козјак?

Точно е дека живееме во време на социјални медиуми, тоа има влијание, но сепак постојат луѓе кои сакаат да се дружат така да секоја година имаме прилив на нови членови. Секоја година имаме млади автори кои почнуваат со своите кариери. Тоа особено ме радува што младата генерација сепак е заинтересирана за ваков тип на уметност и ваков начин на учење.

Секако дека и ние сме во чекор со времето така да социјалните медиуми и глобализацијата ја ставаме на наша страна, за наша промоција. Но сепак си оставаме простор да се дружиме не по социјални мрежи, туку на старомоден начин, кажано од некои луѓе.

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 11
(„Столар“ - Милена Ѓорѓевска)

На кои интернационални изложби имате учествувано до сега?

Сите членови на ФКК Козјак од Куманово учествуваат на многу изложби, како на домашни така и на интернационални. Може да се пофалиме дека досега сме учествувале на преку 500-тини различни манифестации. Да се редат по име и презиме многу се. 

FotoJetdada
(„Ринги Ринги“ - Филип Илиевски)

И како за крај, со какви награди се имаат закитено членовите на ФКК Козјак?

Членовите на ФКК Козјак од Куманово се имаат закитено со многу награди и признанија. Тоа се златни, сребрени, бронзени медали многу дипломи како и уметнички титули. Имаме признанија од други организации, благодарници и слично.

Да не забораваме дека во ФКК Козјак од 1966 до 1978 бил златен период на филмаџиите односно кино аматерите кои имаат земено престижни награди како во тогашната Југославија, така и надвор од неа, а најпозната е првата награда на филмскиот фестивал во Пула.

Во поново време имаме многу награди но најпрестижни се две и тоа FIAP BEST AUTHOR на една меѓународна изложба која навистина тешко се добива, во Македонија има вакви награди три од кои две се на членовите на клубот, тоа е доволен показател какви луѓе имаме во нашиот клуб. 

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 1

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 1

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 1

dejan angelovski pretsedatel na fkk kozjak ljubovta sprema fotografija i filmot ne motivira da prodolzime ponatamu 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg