Наша студентка споделува животна приказна: „Сакам искуството од Франција да го пренесам кај нас“

Секоја година многу млади од Македонија своето образование го продолжуваат во странство. На тој начин храбро се соочуваат со животните предизвици и си допуштаат самите да ја напишат сопствената животна приказна. 

iva tomovska steknatoto znaenje treba da se spodeli so drugite 9

Ива Томовска (21) од Куманово, по завршувањето на средно училиште се реши на таков чекор, со една цел - да креира нов живот со многу можности.

„Ја сакам Франција. Уште од мала го учев јазикот и се запознавав со нивната култура. По завршувањето на моја матура преку Францускиот институт во Скопје добив можност образованието да го продолжам во Франција. Можев да бирам помеѓу три града. Париз и Северна Франција ги имав посетено преку размена на ученици, но не помислив дека некогаш би можела да живеам таму. Затоа решив да истражам нешто ново, нешто поразлично. Бидејќи веќе имав контакти со македонските студенти во Монпелје, се одлучив токму за него, како еден од најголемите универзитетски градови во Франција со голем избор на факултети“.

iva tomovska steknatoto znaenje treba da se spodeli so drugite 1

И така започна приказната на Ива која решила да студира во Монпелје на Универзитетот Поп Валери III, на Art du Spectacle (уметност на театар и аудиовизуелност). Пред неколку недели ги заврши трите години од нејзиното студирање и од септември планира да продолжи со постдипломски студии.

iva tomovska steknatoto znaenje treba da se spodeli so drugite 5

„Ми требаше помалку од половина година за да се навикнам на нивниот менталитет. Навиките кои ги имав стекнато од дома и обврските со кои се соочив како студент, не ми оставија простор за размислување дали сé уште сум навикната или не. Едноставно новото опкружување ми наметна поразлично животно темпо и морав за брзо време да се адаптирам на средината“, се присетува Ива, восхитена од географската положба и убавината на градот.

Монпелје е средновековен град и како таков опстојува и функционира. До ден денес е сочуван стилот на ренесансата, проткаен е со тесни и придушени улички, високи камени згради, кои биле поранешни делови од замок.

Ива своето слободно време го поминува во факултетската библиотека, читајќи и истражувајќи. Посебно се залага во барање на нови фестивали и работење на истите во разни галерии и театри во Монпелје.

iva tomovska steknatoto znaenje treba da se spodeli so drugite 8

„Најголемото изненадување ми беше нивната култура, како и воспитувањето. Луѓето се тивки, љубезни и добронамерни доколку им се обратиш на француски јазик. Во градот има изградена инфраструктура како и огромна еколошка свест. Навремени и средени трамвајски и автобуски линии. Строго определени места за отпад, секоја поголема институција е опкружена со одредена зелена површина, како и дворовите на самите куќи со  поголеми и помали уредени паркови.

Сето тоа е наменето за граѓаните, студентите и туристите. Честопати со колегите и професорите слободното време го поминуваме токму во парковите, каде ги реализираме предавањата“, споделува македонската студентка, која е фасцинирана од француската кујна и од идејата дека француското вино е најголем придружник на храната, секако во одредени количини.

iva tomovska steknatoto znaenje treba da se spodeli so drugite 6

Месецот мај на Ива ѝ бил бурен и исполнет со пријатни обврски. Одреден временски период од денот работела на фестивал за современа фотографија Les Boutographies во Pavillon de Montpellier, истовремено работејќи на нејзиниот проект од факултет, на фестивал NOVO, со што деновите ѝ биле исполнети со предавања, презентации, проби и дружење.

iva tomovska steknatoto znaenje treba da se spodeli so drugite 2

„Штом имам прва можност планирам да се вратам во Македонија и добиеното знаење да го пренесам во нашето општество“, додава Ива. „Тука научив дека моето знаење не е само за мене, туку и за сите други. Би сакала стекнатото искуство да го пренесам и во мојата татковина, да отворам врати на мојата држава како би се овозможило поголема размена на култура, знаење и наука“.

iva tomovska steknatoto znaenje treba da se spodeli so drugite 7

Во моментот Ива има многу планови и смета дека плановите се лична работа на секој поединец, но сé зависи од можностите кои им се укажуваат на луѓето. Сега се стреми да го изоди патот, кој ќе ѝ донесе нови достигнувања во животот.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Климентина Јовановска (34): „Имав 3 спонтани абортуси, се чувствував беспомошно како некој да зел де... „Најтежок беше денот кога дознав за спонтаниот абортус и денот кога требаше да м...
Зорица од Велес живее во Германија: „На почетокот сакав да си ги спакувам куферите за назад - денес ... „Образовниот систем се базира на индивидуален пристап кон секое дете, со ак...

Најчитани неделава