Од ракометар до сликар - Погледнете го шарениот свет на Влатко Тасевски

Велат дека секој се раѓа со некаков талент, и секој има дарба да го разубави светот околу него. Приказната за Влатко Тасевски (27) од Куманово е спој на две спротивности. Во првата главниот двигател е топката, а во втората четката и боите.

od rakometar do slikar poglednete go sareniot svet na vlatko tasevski 11

Влатко на своите 11 години во основното училиште Браќа Миладиновци почнал да тренира ракомет. И тоа кај професорот Димитар Антевски, кој бил неговиот прв тренер. Но, љубовта спрема уметноста започнала многу порано.

Некаде на петта-шеста година, во Битола, во истата зграда каде што живеела баба му. Над нивниот кат живеел еден млад уметник и тука за прв пат Влатко почнал да црта и да ги учи основните работи околу цртањето.

Прво почнал да црта портрети, а подоцна се префрлил и на графити откако го заинтересирала урбаната уметност.

FotoJet1

„Паралелно ги работев и двете работи. Не можев да се одлучам во што повеќе уживам. Преку ден одев на тренинзи, а после вежбањето, цртав“, споделува Влатко Тасевски.

„Секогаш гледав колку што е можно да го балансирам времето. Но, имаше периоди кога играв за некоја екипа надвор од државата и тогаш речиси и да немав време да се занимавам со уметноста. Но, сега, веќе неколку месеци не играм за никој тим, така што целосно се посветив на цртањето“.

FotoJet33

Влатко најмногу сака да слика портрети и да игра со комбинација од бои. Сé зависи што сака да пренесе преку делото. Користи акрилни и маслени бои, но понекогаш комбинира и други техники, како графит и акварел.

А, кога станува збор за неговите омилени уметници, вели дека ги има многу и дека го интересираат повеќе стилови. Делата на Микеланџело, Караваџо, Рембрант, Матис, Шишкин, Пикасо и Ротко се оние кои најмногу го воодушевуваат. 

Во моментот работи на неколку портрети од девојки и во следните неколку месеци планира да направи изложба на своите дела.

FotoJet6 1

FotoJet6 1

FotoJet6

FotoJet6

FotoJet7

FotoJet7

FotoJet7

 Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...

Најчитани неделава