Сара Александровска: „Македонската жена е самостојна, силна и способна да ја следи вистината“

Кога на својата шеста година за првпат ја слушнала „O fortuna“ од Карл Орф, Сара Александровска (23) од Куманово, студент на факултет по филмска режија, го почувствувала повикот на музиката. 

sara aleksandrovska makedonskata zena e samostojna i silna i sposobna da ja sledi vistinata 3

На своите 12 години почнува да свири гитара, а потоа се префрла на клавир. Инспирирана од класика и скандинавски метал на 15 годишна возраст почнува и да компонира.

Навлегувањето во неофолкот го доживува преку бендот Warduna, a создавањето на „Авелина“ и синглот „Извор“ произлегло благодарение на песната „Во наше село“ од „Синтезис“ за која Сара смета дека е една од највозвишените и духовно двитателни дела создадени на планетата.

„На песната работев 4 месеци, а ја искомпонирав за многу кратко време, зошто самата песна е изворна и проточна, со тоа сакам да кажам дека не ја обмислував туку само ја пуштив да помине.

Фактот дека во Македонија да најдеш продуцент кој едноставно сака да создава и да биде дел од уметност е скоро невозможно (со исклучок на поединци кои сигурно ги има), затоа се решив сама да научам продукција и да си набавам опрема и тоа и го сторив, затоа што мислам дека на музиката ѝ служам. За мене музиката е сила и средство за подигање на свесноста и омекнување на духот.

Јас на таа сила ќе бидам вечен поданик. И наспроти сите обиди музиката да се направи само едно средство за забава и катализатор на ниски страсти, ете, уште постојат такви што ќе настојуваат музиката да се врати во својата вистинска и најблагородна форма која е инспирирана од чувства, а не од мозочни импулси“, раскажува Сара Александровска.

За неа, песната „Извор“ претставува плод на една долгогодишна димензија кога го окупирала нејзиниот дух. А тоа е конечно помирение на сите жени и нивното зближување, подигнување на свесноста на жената како духовен спроводник и враќање на архетипот на свештеничката, која е долго под нозете на патријархалната духовност спроведена уште од дамнешниот Рим.

sara aleksandrovska makedonskata zena e samostojna i silna i sposobna da ja sledi vistinata 1

„Македонија е баш погодно подрачје за вакво движење бидејќи тука пред покрстување жена свештеник била задолжена за духовниот живот на луѓето. Затоа и имаме споменик од Пајонската Свештеничка во Центар.

Традицијата и боите на македонското подрачје во песната и спотот се запазени баш поради мојата голема љубов кон различноста на традициите во целиот свет, секој народ е едно делче од сложувалката на светот и има да раскаже своја приказна, па како ќе го сакаш целиот свет ако не појдеш од својата традиција и народ“, додава Сара Александровска, која песната ја посветила на целиот македонски народ, а најмногу на оние будни птици низ тивки реки, на онаа група на луѓе кои не заборавиле да летаат и покрај сите обиди да им се исечат крилјата.

sara aleksandrovska makedonskata zena e samostojna i silna i sposobna da ja sledi vistinata 2

„Сметам дека секоја жена што е Македонка ќе ја прими песната како нејзина и тоа ќе биде и нејзиниот глас, а кога го велам Македонка не мислам на гени или на земја во која живееш, мислам на една состојба и чувство.

Според мене македонската жена е самостојна, силна жена со милостив и благороден дух, способна да води и способна да следи вистина. Но исто така сметам дека песната е многу битна и за мажите, просто од причина дека жена е таа што на овие простори се грижи за машкото дете, и ако жените не се облагородени од уметност и милост тогаш какви мажи очекуваме да имаме во општеството?“, завршува Сара.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Емина Јаховиќ за CRNOBELO: „Децата се навикнаа на невистините за мене - беше тешко по разводот, но г... „Мојот живот во Истанбул е нормален. Во однос на тоа како некои луѓе можеби го з...
Сара Мејс ќе одржи новогодишни концерти во 4 градови: „Сакаме да внесеме магија и уникатно искуство ... „Без Илина и Кирил не почнуваме во Филхармонија, ха, ха. Илина веќе го знае цел ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава