Фотографот Мартин Јовчески: „Ме привлекува ненаметлива убавина и ги зачувувам имперфекциите кај моделите“

Мартин Јовчески (32) е ентузијаст фотограф од Скопје, кој во последните три години живее во Шангај. 

martin jovcevski najvazno od se e da se pocituvaat modelite i nivnite zelbi 2

Неодамна ги заврши неговите магистерски студии по Нови медиуми и дигитални комуникации на Универзитетот Шангај Џиао Тонг, а наскоро продолжува и со неговите докторски студии.

Мартин е од оние луѓе кои обожаваат да патуваат и секое ново место сака да го меморира на свој начин и тоа со фотографија на локални модели. Освен фотографија, тој е опседнат и со музика.

Досега е одговорен за неколку радио емисии, музички блог и голем број клупски настани. Мартин Јовчески е еден од основачите на „Трап Да Фак Ап“, „Стрит ФМ“ и „Бас Инфузија“.

„Со фотографија активно се занимавам во последните три години, иако мојот прв DSLR го купив пред 7 години, исто во Кина. Долго време бев само турист фотограф, чкрапав рандом фотки на одмор, ништо сериозно.

Инстаграм е најголемиот мотиватор и влијаеше за да почнам посериозно да фотографирам. Но, инспирацијата да фотографирам портрети доаѓа уште од времето на моите први журки за кои сам ги дизајнирав постерите инспирирани од естетиката на Тамблр блоговите, инди YouTube канали и најголемиот и главен извор C-Heads Magazine (за кој патем веќе имам објавено три ексклузивни едиторијали: https://www.c-heads.com/?s=martin+jovcheski).

Истата естетика ја пренесов и во брендингот на „Трап Да Фак Ап“, меѓутоа никогаш не бев целосно задоволен од крајниот резултат. Желбата да ја реализирам мојата естетика, тоа што го чувствувам и го имам замислено за тоа како треба да изгледа портрет фотографија ме натера сам да почнам да фотографирам“, раскажува Мартин Јовчески.

 

View this post on Instagram

A post shared by Martin Jovcheski (@bassinfusion)

Мартин смета дека удобноста и сигурноста е пресудна за добра портрет фотографија. Зборува за удобноста помеѓу фотографот и моделот, но и за самиот фотограф кој треба да биде удобен со себе и сигурен во своите вештини.

Тоа се прави само со многу фотографирање и постојано експериментирање.

„Сметам дека треба да знаеш што сакаш и каков треба да биде крајниот резултат. Мене лично ме привлекува ненаметлива убавина и тоа е тоа што сакам да го доловам во мојата фотографија.

Оттука, преферирам природна светлина, домашна и интимна атмосфера, едноставни парчиња облека и минимална шминка.

Секогаш ги зачувувам имперфекциите кај моите модели, тоа ги прави свои, ункатни и привлечни“, додава Мартин.

Неговиот процес започнува на интернет, како и скоро сè во неговиот живот моментално. Повеќето од моделите ги наоѓа на Инстаграм, со следење на други фотографи, онлајн магазини за фотографија или преку хаштагови.

Често се случува и самите модели да го најдат на Инстаграм и да му пишат.

„Инстаграм ми е главната платформа за комуникација, споделување идеи и инспирација, како за модели така и за локации. Локацијата игра голема улога во мојата фотографија.

Во Шангај најчесто фотографирам кај мене дома, понекогаш кај моделите, но изнајмувам и AirBnb, особено кога патувам. Секогаш го анализирам просторот, светлото, и ги бирам најкарактеристичните агли. Потоа оставам природно да се одвива сесијата.

Потоа следи за мене најмачниот дел а тоа е селектирање на фотографиите. За среќа уживам во следниот чекор, а тоа е експериментирање со боите и конечниот изглед. Тоа го правам најпрво во Lightroom и потоа досредувам во Photoshop“, споделува тој за самиот процес и верува дека може да биде имплементиран од секој кој сака да фотографира портрети.

„За тие што започнуваат со портрети најпрво би ги советувал да фотографираат познаници и блиски луѓе со кои се чувствуваат удобно. Да фотографираат многу, во разни услови, во секое време од денот и секогаш исклучиво мануелно.

Да се инспирираат од други фотографи и да се обидуваат да ги реплицираат нивните стилови на своите фотографии во Lightroom. Но, можеби најважното од сè, е да ги почитуваат моделите и нивните желби“, открива Мартин Јовчески и ги мотивира младите фотографи да патуваат колку можат повеќе и да живеат подолго време надвор од Македонија.

Од негово лично искуство, доколку не се преселел во Шангај, никогаш немал да фотографира на ова ниво. Животот надвор од Македонија му дал сосема нова перцепција за себе и за своите можности.

Плус, како што и самиот вели, Шангај е прилично инспиративен град со богата и модерна култура, и околина која те мотивира да излезеш и да создаваш.

https://www.instagram.com/p/BilzZBzleKT/?fbclid=IwAR39CeLj1U1P5D03eRt2Lldu16ZGoa-kh5CZRbeANsh2zbD8lRkdkNJuVvk

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Црна венчаница, зурли од Галичник: Мартин и Катерина направија уникатна свадба во Сули ан во Скопје ... „Бидејќи сум архитект по професија, а и романтична душа, со Катерина едногласно ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg