Мексикански фанови на РК ВАРДАР: „Од љубов кон тимот, креиравме тим ВАРДАР Мексико“


Мексикански фанови на РК ВАРДАР: „Од љубов кон тимот, креиравме тим ВАРДАР Мексико“

Инспирирани од љубовта кон нашиот РК Вардар, во Мексико во 2017 година е основан аматерскиот тим Вардар Мексико (Vardar MX). 

meksikanski-fanovi-na-rk-vardar-od-ljubov-kon-timot-kreiravme-tim-vardar-meksiko-01.jpg

Случајно наидовме на нивната Фејсбук страница и направивме кратко интервју со луѓето кои стојат зад фан клубот на Вардар и Вардар Мексико. Хосе Мата, Алексиа Флорес и Хиларио Медрано се најстраствените фанови на Вардар.

Како дознавте за Вардар? Колку време сте лојални фанови?

Вардар стана познат во Мексико откако ја освоија титулата во Лигата на Шампионите во 2017-та година. Од тогаш започна и нашата љубов кон тимот и веќе 2 години сме негови најголеми поддржувачи.

Тимот на Вардар Мексико е дел од аматерската лига наречена “Liga Regiomontana de Balonmano”. Всушност денес (26 септември) е 2 години од основањето. 

Во 2017 година бевме шампиони во втората дивизија. Ова е регионална лига во Северно Мексико (Монтереј). Има повеќе шампионати од овој тип низ целата земја.

meksikanski-fanovi-na-rk-vardar-od-ljubov-kon-timot-kreiravme-tim-vardar-meksiko-02.jpg

Колку фанови има Вардар во Мексико?

Во Мексико околу 200. На нашата Фејсбук страница има 700, луѓе од повеќе од 20 земји, најмногу од Македонија и Мексико.

Кои се ваши омилени играчи?

Без сомнение, сите се одлични. Но, сепак, наши фаворити се Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс.

Земајќи ја предвид временската разлика, кога ги гледате натпреварите на Вардар?

Распоредот ни одговара, ги гледаме натпреварите на ehftv.com околу 10-12 часот во Мексико.

meksikanski-fanovi-na-rk-vardar-od-ljubov-kon-timot-kreiravme-tim-vardar-meksiko-03.jpg

Може ли Вардар да биде Европски шампион и оваа сезона?

Да, секако! Не се сомневаме дека е ова прва класа тим со спектакуларни играчи кои се особено мотивирани да ја освојат титулата. Тоа е тим со најдобри навивачи во Македонија, Мексико и низ целиот свет!

Имате ли планови да ја посетите нашата земја и да го гледате Вардар во живо?

Обавезно! Всушнот, планираме да дојдеме следната година. Многу сакаме да гледаме натпревар во живо и да ја запознаеме Македонија – ни изгледа како прекрасна земја.

Ги знаете ли навивачките песни за Вардар?

Да, ги слушаме на сите натпревари, а често и на YouTube.

Минатата година од vardarfanshop.com набавиле навивачки материјали – маици, блузони, шалови и приврзоци. Планираат да купуваат и годинава. Велат дека е малку сложено да стигнат сите овие материјали до Мексико, па затоа, се решиле тимот на Вардар Мексико да има дресови во истите бои.

meksikanski-fanovi-na-rk-vardar-od-ljubov-kon-timot-kreiravme-tim-vardar-meksiko-04.jpg

meksikanski-fanovi-na-rk-vardar-od-ljubov-kon-timot-kreiravme-tim-vardar-meksiko-05.jpg

Може да ги следите на:

Facebook: /RKVardarMX

Instagram: @rkvardarmx

Liga Regiomontana: /Liga-Regiomontana-de-Balonmano-215258122314023

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Рошин Марфи од Moloko за CRNOBELO.com: „Во Македонија луѓето знаат как... Молоко - дуото кое веројатно ве враќа во младоста, во времето на '90-тите и рани...
Дилан Потер од Австралија: Балканците се гостопримливи, опуштени и доб... Оние, родени на Балкан, сакаат што поскоро да се преселат во некоја „ветена земј...
Битолчанецот кој е фото модел за светски модни брендови – интервју со ... Александар Златановски, правник по професија, но моментално модел кој работ...