Интервју: Колку се наставниците (не)заинтересирани за психичката состојба на учениците денес?

Aдолесценцијата е позната како период во кој децата се на пат да пораснат, односно на пат низ кој се бараат себеси.

kolku-se-nastavnicite-ne-zainteresirani-za-psihichkata-sostojba-na-uchenicite-denes-001.jpg

Во овие ,,критични” години тие се со тенденција за експериментирање каде што може лесно да потклекнат на нарушување на нормите, односно да тргнат по погрешниот пат.

Децата поминуваат најмалку 5 часа во училиште, но дали и колку наставниците се свесни за нивната психичка состојба?    

Во продолжение, на оваа актуелна тема разговараме со професорката по македонски јазик и литература во СУГС ,,Никола Карев”, Снежана Станкова.

1. Менталното здравје - мода или вистина која нè опкружува? 

Кој како ќе разбере, за некој вистина, а за друг мода. Ако сме доволно свесни, ќе забележиме дека сè повеќе имаме мака со снаоѓањето во секојдневниот живот, со надминувањето на стресните состојби.

Мислам дека мора да ги прифатиме новините на денешниот живот. Сега веројатно сме посвесни за постоењето на ,,менталното здравје”.

Брз живот, заработка, обврски - помалку време за семејството и за децата. И не треба да се врзуваме само за терминот „ментално“ или за терминот „здравје“.

Една ментално здрава личност е способна да придонесува за себе и за општеството во кое функционира. Затоа треба да обрнеме големо внимание, особено кога станува збор за децата и младите.

Kolku-se-nastavnicite-(ne)zainteresirani-za-psihichkata-sostojba-na-uchenicite-denes 01 630x340.jpg

2. Дали наставниците забележуваат дека учениците имаат „проблеми“ со социјализација, менталното здравје и слично?

За жал, поради поголемиот број на ученици во класовите не е лесно да се детектираат овие деца. Треба повеќе време, а тоа значи, можеби ќе задоцниме соодветно да реагираме на проблемот.

Најважна е соработката со родителите. Кога тие би побарале поддршка од нас наставиците, веројатно на детето или на младиот човек побргу би му помогнале.

Ништо не е срамно или страшно. Нашиот процес не се сведува само на едукација, туку и на воспитување, социјализирање, и слично.

Верувам дека секое училиште има програми и работилници кои работат на менталното здравје (различни предавања против насилството, развивање на еколошка свест, дружење со ученици од други средини и од друга националност).

3. Дали наставниците се обучени да помогнат на ученици со ваков проблем? 

Обучени во вистинска смисла на зборот, многу малку. Денес се оди на продлабочување на тоа „образование “ на наставниците.

Посетуваме различни обуки, семинари и советувања за тоа како да препознаеме дете со ментален проблем и како да изреагираме. Но, сметам дека најпрвин реагираме како родители и луѓе.

Сепак, најголемиот дел од работата го презема психологот во училиштето.

kolku-se-nastavnicite-ne-zainteresirani-za-psihichkata-sostojba-na-uchenicite-denes-02.jpg

4. Чувство на депресија, отфрленост, анксиозност, несигурност. Што уште има низ училишните клупи?

Па, обично овие работи се скриени, понекогаш добро маскирани и непрепознатливи. Да, ги има. И мора да се реагира.

Инаку, мислам дека би прераснале во булинг и други видови на насилство, нервозни и неискрени генерации.

Има уште многу, како неснаоѓање во училишната средина, несоцијализираност, страв од училишната зграда и затворениот простор, поретко ученици со суицидни мисли.

5. Бараат ли учениците отворено помош од наставниците кога се наоѓаат пред некој проблем од ваква природа? 

Тоа зависи од ликот на наставникот и од неговата поставеност кон учениците. Довербата е многу важна работа.

Ако ние им веруваме ним, ако не ги третираме  само како бројка во дневникот, тие ќе ни одговорат со иста мерка-доверба, љубов и пријателство.

Големо влијание има и карактерот на детето, средината од која доаѓа, семејството. Има ученици кои отворено бараат помош, а има и некои со кои долго мора да се работи за да се открие матичниот проблем. А има и такви кои знаат да го злоупотребат сето тоа.

Затоа, треба многу да се внимава во самиот приод на таквата ситуација. На крајот, најважно е да пораснеме и образуваме здрави и способни идни генерации.

kolku-se-nastavnicite-ne-zainteresirani-za-psihichkata-sostojba-na-uchenicite-denes-002.jpg

Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...

Најчитани неделава