Авантуристичкиот фотограф Даре Димов: „Спиеме во автомобил, се искачуваме на -25ºС, но секој врв ме исполнува“

Постојат луѓе кои без размислување се впуштат во нови авантури, кои на планините гледаат како место за себе пронаоѓање и место кое исполнува со слобода. 

avanturistickiot fotograf dare dimov sekoj iskacen vrv me ispolnuva so sloboda i kreativnost 9

Токму таков пример е авантуристичкиот фотограф, Даре Димов од Велес, кој успева да ги спои љубовта кон патување и авантурата, и воедно да го документира секој свој чекор, креирајќи визуелни моменти кои служат како потсетник за цел живот, а со тоа и ги инспирира другите да го прават истото.

На својот Инстаграм профил – @daredimov, тој постојано ги споделува авантуристичките патешествија.

„Од мал ме привлекуваа активности во природа и сакав да спортувам. На 9 или 10 годишна возраст одев во Извиднички одред, имавме разни активности во природа, кампување, ориентација во природа, комуницирање на далечина со помош на знаменца или Морзеова азбука, сето тоа ми остана врежано во мене како добар дел од моето детство“, се присетува Даре Димов на своите почетоци со планинарење.

Подоцна имал повеќе спортски активности и тренирал кошарка, ракомет за на крај да се пронајде во светот на боречките вештини. Активно тренира традиционален стил на карате „Уечи Рју“, а паралелно се занимава и со планински велосипедизам, планирање и алпинизам.

View this post on Instagram

A post shared by Dare Dimov | Photographer (@daredimov)

avanturistickiot fotograf dare dimov sekoj iskacen vrv me ispolnuva so sloboda i kreativnost 2

„Планината за мене е место каде што се пронаоѓам вистинскиот јас и се градам во подобрата верзија. Чувството што го добивам кога ќе искачам некој врв ме исполнува со слобода, со огромни напливи на позитивна енергија и креативност.

Со секоја искачена планина сум појака и постабилна личност, спремна за новите предизвици пред себе. Во секојдневниот живот имаме многу задоволства освен мирот и тишината, со еден клик сме поврзани со другата страна од светот, но што со конекцијата со самите себеси?“, се запрашува Даре и вели дека модерниот човек постојано е опкружен со обврски, работа, луѓе.

Сето тоа носи напнатост и тензија што предизвикува луѓето да се под стрес и да немаат мир во себе.

avanturistickiot fotograf dare dimov sekoj iskacen vrv me ispolnuva so sloboda i kreativnost 3

„Во природа си далеку од сета таа бучава и напнатост, тука си сам со своите мисли, го имаш сето време да си го посветиш себеси без да добиеш нотификација на телефонот, без некој да те бара или да ја слушаш бучавата од автомобилите.

Не мораш да искачуваш, можеш да го поминеш денот како излет или пак да преноќиш во некој планинарски дом и да уживаш во слободата и да се полниш со енергија“, се надополнува Даре.

Зимските искачувања се потешки за разлика од летните. Потребно е повеќе опрема што придонесува за потешки ризици и повеќе слоевита облека, потребно е многу психофизичка подготвеност за да се совладаат сите препреки.

„Треба да бидеш спремен на сè, времето може да се смени во неколку минути и од сончево време може набрзо да се најдеш во бура, јаки ветришта, магла.

Затоа е потребно да се има повеќегодишно искуство во планинарење пред да се впуштиш во сериозни зимски тури, бидејќи тоа те подготовува за сите погоре наведени работи, и за почеток задолжително одење со поискусни планинари/алпинисти од тебе.

Но сепак треба да си ги знаеш границите и да избираш на кои искачувања ќе одиш, да не го земаш секој залак, можеби е преголем за тебе во моментот“, споделува тој.

avanturistickiot fotograf dare dimov sekoj iskacen vrv me ispolnuva so sloboda i kreativnost 7

„Не би можело да се одвои што е побитно од што. Нормално без чизми не се трга ниту летно време, добри чизми и опрема отпорна и на ветер и на вода, челна ламба…

Едноставно мораш да имаш сè заради променливото време во планина. Не би издвои ништо посебно“, посочува Даре Димов.

Последните две искачувања на Даре му биле на Пелистер. Првото искачување било пред Нова година, поточно на 29-ти декември.

Тоа им е официјален датум за луди планинарски авантури со неговиот другар Бобо и другарката Данче. Иако знаеле дека времето ќе биде лошо и ладно, сепак одлучиле да одат со цел да вежбаат искачување во лоши услови, белким, нема времето секогаш да биде сончево.

Мора да бидат подготвени на сè, а воедно и да се тестираат до каде се со кондиција за експедицијата што со Бобо ја спремаат за искачување на Алпите.

avanturistickiot fotograf dare dimov sekoj iskacen vrv me ispolnuva so sloboda i kreativnost 5

„Отидовме уште во сабота и планот беше или да кампуваме или да спиеме во кола, долго се размислувавме, но сепак на крај се одлучивме да бидеме малку поразумни и да спиеме во кола бидејќи прогнозата кажуваше температури до -29. Ладничко!

Данче веќе одамна се одлучи да си преспие во Хотел „Молика“. Како што изминуваше ноќта, ми се чинеше како најпаметна идеја. Си ги наместивме вреќиците за спиење во колата, направивме домашни јуфки, си сваривме чај и се замотавме како мумии.

Изгледавме како од некој филм, послушавме музика, си споделивме по неколку луди и незаборавни авантури и веќе беше време за спиење, барем за некого…

Јас око не склопив, не знам дали тоа беше од возбуда пред искачување или од лудите шофери кои во текот на целата ноќ доаѓаа до инфо-центарот на Пелистер, ќе издрифтаа неколкупати, мислејќи дека се во Брзи и Бесни и ќе си заминеа“, раскажува Даре.

avanturistickiot fotograf dare dimov sekoj iskacen vrv me ispolnuva so sloboda i kreativnost 4

Станале околу 04:30 часот, си направиле супа за појадок, чај во термос и се опремиле за качување. Трнале во 6 часот, сè уште било мрак, но набрзо се разденило, а нив ги чекал долг пат, кој им изгледал како да ја заобиколува целата планина пред да ги доведе до главниот успон.

Како се искачувале сè повисоко, така температурата опаѓала, ветерот и маглата се натпреварувале во тоа кој може да предизвика полоши услови, а снегот немал намера да престане да паѓа, откако пристигнале на планината.

Како се доближувале до врвот, условите станувале катастрофални. Температура -25, ветерот бил најмалку со 60 км/ч, а видливост имале одвај 3-5 метри.

Даре вели дека дел од тестот за тоа дали ќе бидеш добар планинар или алпинист е во тоа какви одлуки ќе донесеш во клучни моменти. Иако биле на само 50 метри висинска разлика од врвот, тие сепак одлучиле да се вратат назад.

avanturistickiot fotograf dare dimov sekoj iskacen vrv me ispolnuva so sloboda i kreativnost 6

„Ја исполнивме нашата цел, а тоа беше дали можеме да се снаоѓаме во екстремни ситуации, врвот не е главната цел, туку патот до него. Врвот ќе ни биде достапен за качување сè додека сме ние здрави и живи.

За назад нѐ пречека истиот долг и досаден пат кој се чини дека никогаш не завршува. Уште поголема иронија е што по две недели од тогаш, повторно се вратив на Пелистер. Но овојпат во различен состав и подобро време, а да, и спиевме во стан наместо во кола.

Нè послужи подобро време и што е најважно го искачивме врвот. Ама патот за назад беше ист – долг, досаден и без крај“, се присетува Даре и додава дека има толку многу места што сака да ги посети, што не знае од каде прво да почне.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко од Велес со синот (5) кампува во природа, прави лулашки, пали оган и го учи како да преживее „Живот во природа, бушкрафт, кампување, преживување. Ова е она што го правиме со...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Коста Петров: „Кога се сакаш себеси, кога ќе научиш да си простиш себеси, кога ги прифаќаш сите свои... „Детето во мене никогаш не беше проблемот. Проблемот беше товарот што детето го ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Сања Стојанова 19 години страда од алопеција: „Преку ноќ ми опадна цела коса, сега знам дека надворе... „Кога останав бремена со првото дете ми порасна косата сама од себе … Ми падна т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg