Игор Трајковски: „Холандија има многу либерален пристап кон справувањето со короната“

Зошто холандските власти не поставуваат строга регулатива во време на корона и што ги натера Холанѓаните да не ги почитуваат препораките на миг, ни открива Игор Трајковски.

igor-trajkovski-holandija-ima-mnogu-liberalen-pristap-kon-spravuvanjeto-so-koronata-01.jpg

Игор Трајковски, кој по професија е софтверски инженер, живее и работи во Холандија од 1997 година.

Со него проговоривме за моменталната ситуација таму. Тој открива дека властите досега во голема мера се потпираа на самосвесноста на граѓаните, но сепак се планира да се воведат построги мерки.

Игор за CRNOBELO.com открива како Холандија се справува со корона вирусот:

„Холандија е поприлично либерална земја и не сака премногу да го регулира животот на граѓаните со закони и уредби. Така и во ова време на сериозни ограничувања во движењето и затворања граници во светот, Холандија законски ниту нешто посебно го има ограничено движењето, ниту ги затвори границите (тоа, додуша, го стори Европската унија на своите граници).

igor-trajkovski-holandija-ima-mnogu-liberalen-pristap-kon-spravuvanjeto-so-koronata-07.jpg

Единствено, со закон, засега се откажаа сите големи настани со над 100 луѓе до 1 јуни, се затворија сите ресторани и барови до 6 април, како и училиштата и факултетите (кои сега работат онлајн).

Останатото се сведе на сериозни препораки, оние кои повеќето сите веќе ги следиме: мијте ги рацете, не се допирајте по лицето, ако можете работете од дома, кивајте и кашлајте во надлактицата, не складирајте намирници бидејќи ги има доволно, не излегувајте ако не морате, а ако морате тогаш не во големи друштва и држете дистанца.

igor-trajkovski-holandija-ima-mnogu-liberalen-pristap-kon-spravuvanjeto-so-koronata-03.jpg

Логиката е дека ако премногу ги регулираш граѓаните кои не се воопшто навикнати на строга регулација, тогаш и отпорот ќе биде поголем, ќе се роди бунтовништво и ќе биде контрапродуктивно.

Тоа, донекаде, и држи вода - граѓанството навистина во најголем дел се придржува кон препораките, центарот на Амстердам е празен и чист како никогаш досега, во јавниот транспорт нема гужви и комотно можете да ја држите препорачаната дистанца од метро и пол - и многу повеќе - од следниот патник.

igor-trajkovski-holandija-ima-mnogu-liberalen-pristap-kon-spravuvanjeto-so-koronata-06.jpg

Фирмите сами им наложија на вработените да работат од дома и без посебна законска регулатива, речиси сите продавници освен супермаркетите и аптеките сами си затворија бидејќи нема ни доволно луѓе кои би влегле во нив и ако останат отворени, а намирници навистина има во доволно количество и во најголем дел никому ништо не му фали.

Нема чувство на паника, навидум сѐ е нормално, мирно и тивко.

igor-trajkovski-holandija-ima-mnogu-liberalen-pristap-kon-spravuvanjeto-so-koronata-05.jpg

Она на што регулаторите не сметаа е - убавото време. Општо е познато дека во Холандија времето не е баш совршено и сончевата светлина е неизмерно богатство, па кога од минатиов викенд се појави чисто небо без облаци, кој стигна си отиде на излет на плажа или на продолжена прошетка во парк.

Тука се создадоа гужви, многу нарушувања на препораките за групирање и држење дистанца, гужва и во возовите накај и од крајбрежните дестинации - убавото време ги победи препораките.

igor-trajkovski-holandija-ima-mnogu-liberalen-pristap-kon-spravuvanjeto-so-koronata-04.jpg

Сега, кога бројот на потврдени новозаболени е најголем досега (1019) и кога убавото време не покажува знаци на расипување најмалку уште една недела, владата размислува дали од идната недела да воведе нови, построги мерки - во игра е забрана за движење на групи поголеми од двајца (што нема да важи за членови на исто семејство или луѓе што живеат заедно). Растот на новозаболени донекаде е и очекуван, па околу тоа засега не се создава некоја фама.

Кралскиот институт за здравство и животна средина е претпазливо оптимистичен дека полека веќе настапува стабилизација на растот на заболени (тоа го следат според бројот на луѓе кои доаѓаат на болничко испитување, не толку според дневниот број на новозаболени), но непочитувањето на препораките може до доведе до евентуално нов бран на ширење зараза.

Премиерот најави дека нови владини мерки би можеле да се воведат во вторник, откако ќе видат како ќе се однесува граѓанството викендов што следува, но некои општини може да воведат свои рестрикции и порано.“

Прочитајте и Кирил Антовски ни открива каква е ситуацијата со короната на Малта!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Д-р Игор Алулоски, гинеколошки онколошки хирург: „Извадивме тумор со 90 литри течност, најмладата па... Што се презема при дијагноза CIN 3, а што при CIN 1, дали е болна киретажата, зо...
Љубовната приказна на Симона и Кристијан: „Се венчавме во манастирот Бигорски, направивме свадба во ... „Црковното венчавање го направивме пред една година во манастирот Бигорски,...
Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, ка... „Дијабетесот не е болест туку состојба. Кај синот првите симптоми што нѐ насочиј...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та... „Кога ја отпеав песната, бев навистина многу мала. Имав 6 години, а бидејќи како...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg