Кирил Антовски: „И Малта презема мерки за короната, но бизнисот трпи“

„Неспоредливо е, посебно во вечерните часови. Ние не сме навикнати на Малта таква каква што е сега“, вели 34-годишниот Кирил кој живее на оваа туристичка дестинација веќе 8 години.

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-01.jpg

Кирил Антовски (34) од Скопје на Малта живее веќе 8 години. Во последните 4 години се занимава со угостителство и сопственик е на „take away“ пицерија во главниот град на Малта, Валета, а од пред неполни две години започнал и со промовирање на македонската храна, пијалаци, музика и култура во традиционалниот македонски ресторан „Gourmet Bar&Grill“ на Малта.

Со него проговоривме на тема актуелната ситуација со корона вирусот на Малта.

Како изгледа животот периодов таму Кирил долови за CRNOBELO.com.

Како се справува Малта со корона вирусот?

Ситуацијата на островов, во однос на корона вирусот, а споредено со други европски земји е на некое стабилно ниво. Болниците се припремаат за несакани сценарија. Мобилизирани се тимови и простории, како за пациенти, така и за болнички персонал.

За сега починати нема, а заболени се околу 130 лица. Работите засега се под контрола, што не треба да значи дека ќе останат такви какви што се. Тоа е и причината за она ниво на паника помеѓу локалното население.

Намерно го потенцирам локалното население затоа што по сѐ изгледа дека кај нив паниката и претпазливоста се на нешто повисоко ниво, но не ги исклучувам и странците меѓу кои сме и ние и нормално се придржуваме до мерките.

Мерките се почитуваат во целост па дури луѓето беа побрзи во самоизолацијата и од самата Влада. Самоиницијативно се изолираше голем дел од населението пред Владата да излезе со официјални соопштенија. 

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-04.jpg

Како ти изгледа денот сега?

Денот го поминуваме најчесто дома или завршувајќи тековни работи кои не инволвираат групирање, прошетки низ локални места кои не се посетени од луѓе, мотоциклизам и слично. 

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-09.jpg

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-03.jpg

Дали работат локалите?

Во моментов во функција се сите локали кои се неопходни за живот, т.е. прехранбени маркети, пошта и транспорт, владини институции, банки итн, меѓутоа под строг режим на контрола во смисла на санитизација, дезинфекција, одржување на препорачано растојание, услуга еден по еден итн. 

Казните за непочитување се движат од 1.000 евра по ден за прекршување на карантинска наредба на лица, до 3.000 евра од ден за непочитување на наредба за затворање на локал. 

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-07.jpg

Колку Малта е поинаква периодов?

Неспоредливо е, посебно во вечерните часови. Ние не сме навикнати на Малта таква каква што е сега. Со оглед на тоа што е мал остров, густо населен, туристичка дестинација со долга сезона на туризам, настани, фестивали итн.

Затворени хотели, ресторани, бутици, барови, салони за автомобили, за убавина... Едноставно тоа е тоа што го движи островот.

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-02.jpg

Има ли нешто позитивно во целата ситуација?

Ако некој мисли дека е позитивно тоа што ќе одмориме, тогаш се лаже. Убав е секој одмор кога не е принуден, кога е заслужен и кога може да се ужива вистински во него.

Веројатно од еколошки аспект сме во придобивка но и тоа ќе се врати на стариот тек нажалост, кога ситуацијата ќе се стабилизира. 

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-05.jpg

Каков период ѝ претстои на Малта?

Пред нас следи период на големи економски кризи. Во една таква криза, а со оглед на зависноста од туризам, странски инвестиции и странска работна сила, влегува и Малта. Јас како угостител сум во категоријата најпогодени и од вирусот и од владините мерки, а после следуваат и уште еден добар процент сектори зависни од целата состојба.

Од страна на владата на Малта се работи на креирање на една рамка мерки за помош на приватниот бизнис сектор со што би се намалиле загубите и би се одржало солидно економско ниво. Предвидени се скоро 2 милијарди евра во плати, даноци и придонеси и бескаматни кредити. 

Македонската заедница ќе биде посебно погодена од кризата, па затоа и најискрено се надевам на изнаоѓање соодветни мерки за спас на сите сектори од туризам, па сè до странски компании базирани на островов кои сами по себе помогнаа да се изгради економијата на нивото на кое беше пред само месец дена. 

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-08.jpg

kiril-antovski-i-malta-prezema-merki-za-koronata-no-biznisot-trpi-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Семејство од Македонија ги прави најубавите слатки во Малта: „Локалците се заљубени во нашите специј... „‘Mamma’s Sugar’ е семеен бизнис кој го креиравме јас, мајка ми, татко ми и брат...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Д-р Игор Алулоски, гинеколошки онколошки хирург: „Извадивме тумор со 90 литри течност, најмладата па... Што се презема при дијагноза CIN 3, а што при CIN 1, дали е болна киретажата, зо...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg