Македонец во ОАЕ: „Во Абу Даби се дезинфицира со дронови и речиси сè е затворено“

Сашо Јосифовски е 34-годишен Македонец од Пробиштип кој последниве 6 години живее и работи во Абу Даби, престолнината на Обединетите Арапски Емирати.

Abu-Dabi-dezinficira-so-dronovi-01.jpg

За CRNOBELO.com тој сподели каква е ситуацијата таму, како граѓаните ги почитуваат мерките и како се спречува ширење на вирусот:

„Абу Даби во моментов има рестриктивни мерки на движење кои важат од 8 часот навечер до 6 часот наутро. Речиси сè е затворено, освен болниците, аптеките и супер маркетите. Во моментов мерките се важечки во следните 2 недели, но многу веројатно е дека ќе се пролонгираат.

Сите граѓани имаат добиено мејл од страна на Владата која уверува дека ги има преземено сите неопходни чекори за здравјето и безбедноста на населението. Наведен е и бројот на контакт центарот доколку ви е потребно да се обратите за што било. Речиси сите ги почитуваат препораките и нема место за паника.

Она што е најимпресивно е начинот на којшто се дезинфицираат јавните површини. Имено, тоа се одвива со помош на дронови. Тие се користат и во Дубаи и со поинаква намена, односно со помош на силни звучници преку нив оди снимена порака која ги предупредува граѓаните да останат во изолација во своите домови, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Пораката оди на неколку јазици, арапски, англиски и урду. Дроновите воедно ги фотографираат и снимаат движењата во текот на денот и ноќта“.

Abu-Dabi-dezinficira-so-dronovi-03.jpg

Најголемата пасија на Сашо која воедно е и неговата професионална определба во Абу Даби е кросфитот, дисциплина која се класифицира како фитнес и спорт воедно, со оглед на фактот што опфаќа гимнастика, олимписко кревање на тегови и функционални движења.

Тој е студио лидер во специјализирана теретана за кросфит која во моментов како и останатите вежбални од ваков тип е на принуден одмор. Но вежбањето не смее да престане.

Доколку ви е потребна инспирација како да останете во топ форма за време на самоизолацијата, Сашо го има вистинскиот фитнес рецепт за вас.

За повеќе инспирација може да го погледнете неговиот Инстаграм профил.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Бомбакис за татковството: „Плачев кога се родија ќерките, менувам пелени, но страв ми е да ја бањам ... „Кога моите родители ќе ми речеа 'Ќе видиш и ти како е кога ќе имаш дете' не вер...

Најчитани неделава