Цеце Георгиев: „Мојот коњ Чарли не ми е само миленик, туку најдобар другар“

„Чарли го имам веќе 4 години, подарок ми е од сопругот, а по целодневните активности Чарли најмногу сака јаболка и морков, а понекогаш и коцки шеќер како награда“, вели 32-годишната Цеце Георгиев.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-01.jpg

Цеце Георгиев има 32 години, по струка е економист, а нејзина најголема љубов се коњите. 

Коњот Чарли за неа е многу повеќе од миленик. Таа својата страст кон овие животни ја пренела и на нејзината ќеркичка Кара Розмари, која со неполни 2 години не само што не се плаши од Чарли, туку и го обожава.

Од каде оваа страст и како е да се има коњ како миленик, Цеце открива за CRNOBELO.com.

Како реагираат луѓето кога ќе им споменеш дека имаш домашен миленик коњ?

Звучи необично и несекојдневно да се поседува коњ за миленик, навистина е предизвик и прекрасно чувство и треба да се доживее. Секој вљубеник на овие животни ќе ме разбере, секој момент поминат со него е посебен и неповторлив.

На тоа како реагираат луѓето, сите од нив ме познаваат доволно добро и воопшто не е зачудувачки фактот дека имам коњ за миленик.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-03.jpg

Колку време го чуваш Чарли и како го доби?

Чарли го имам четири години и е подарок од мојот сопруг.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-06.jpg

Каде го чуваш, кои услови се потребни за еден ваков миленик?

Домот на Чарли се наоѓа во Волково во коњичкиот клуб Бравадос. За едно скромно живеење потребно е бокс каде што го поминува поголемиот дел од денот, терен каде што се јава и испут каде што би можел да се движи на слобода.

Потоа, потребни се вода и храна и тука спаѓаат и витамини кои се неопходни за коњи кои се користат за спорт.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-04.jpg

Од храна до чешлање, како изгледа еден негов ден?

Дневната нега околу Чарли се базира на појадок, ручек и вечера, ѓубрење на неговиот бокс, што значи исфрлање на фекалиите и додавање на нова пилевина, тимарење, односно чешлање на неговото тело, грива и опашка, чистење на копита, седлање, јавање што значи дресурно јавање, кондиционо јавање, препонско јавање, зависно од денот тоа и тренираме, потоа следува раседлување, миење на тетиви и чистење на копита, премачкување со специјална маст за копита, а на крај следува награда (јаболка и морков понекогаш и коцки шеќер).

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-02.jpg

Колку е тешко да се научи да се јава коњ? Што би им порачала на почетниците?

Сè што се сака може да се научи. Убавите работи тешко се добиваат, што значи треба навистина голем труд, желба и мотивација, време и пари, но пред сè потребен е и талент.

Коњичкиот клуб Бравадос е отворен за почетници и нуди школа за јавање и рекреација со стручен тренер и добро обучени коњи во пријатен амбиент.

За секој што би сакал да ја почувствува моќта и енергијата на коњите е добредојден кај нас, покрај спортско јавање, нудиме и рекреативно јавање.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-10.jpg

Зошто јавањето на коњ е лек за душа?

Насекаде во светот е распространето хипотерапевското јавање, што значи јавањето е благодатно, ја подобрува меморијата, концентрацијата, ги зајакнува мускулите, релаксира и е вистински благодат за душата и телото.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-05.jpg

Колку е скапо да се има коњ?

Во денешно време нема ништо евтино, особено кога се работи за спорт. Коњичкиот спорт е еден од најскапите спортови во светот. Во секој случај поевтино е земањето на часови по јавање, отколку поседување на коњ.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-08.jpg

Како реагира твојата ќерка на него?

Чарли е малку љубоморен на Кара Розмари, но таа ги обожава коњите и затоа тука е Понито Рали, кое го поседува КК. Бравадос, па таа може безгрижно да јава.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-07.jpg

Зошто Чарли е твојот најдобар другар?

Чарли не само што е мој најдобар другар, тој е и моја сродна душа, тој е мој слушател, мој партнер во паркур, мојата потсвест, нема ништо поубаво на свет отколку да можеш да комуницираш со некого без да кажеш збор.

Кој пробал знае, тој што знае може да раскажува, тој што пропуштил може да му биде криво цел живот.

cece-georgiev-mojot-konj-charli-ne-mi-e-samo-milenik-tuku-najdobar-drugar-09.jpg

Уште фотки од Чарли:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мики Маркоски работи на ранч со коњи во Љубаништа: „Бегав од училиште за да минувам време со мојот к... „Се случувало да имам повреди од паѓање од коњ, или да сум гризнат, или пак удре...
Давор Арсовски: „Чувам був, Буба може да нанесе сериозни повреди и мора внимателно со неа“ „Веќе 5 месеци како миленик го чувам бувот Буба. Буба ја купив од...
Емакулате, Кенијка омажена за Македонец: „Мојата свекрва е незаменлива, македонските мажи не знаат д... „Македонските мажи не знаат да играат воопшто, па дури и кога животот би им зави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg